Asterigos: Curse of the Stars: иновативна авантура која нуди флексибилен предизвик

Зошто да ја играте?

  • Пристапност за играчи кои не се хардкор фанови на соулслајк жанрот: Играта нуди попристапно искуство од типичните соулслајк игри, со можност за избирање на пониски тежини, што ја прави идеална за оние кои сакаат да ја искусат атмосферата на жанрот без фрустрација.
  • Богата и привлечна приказна: Нарацијата е во центарот на играта, со интересни дијалози, секвенци и многу документи кои го збогатуваат светот на Ејфес.
  • Динамичен и флексибилен борбен систем: Играта нуди широк спектар на оружја и можности за прилагодување на стилот на игра, со можност за користење на две оружја истовремено и систем на таленти за побогати можности за прилагодување.

Секоја чест за сите фанови на соулслајк игри и најдлабока почит до неуморните гејмери што храбро ги освојуваат универзумите на Dark Souls и Elden Ring! Авторот на овој текст, признавамe, не е еден од нив. Трпението и нервите за константно умирање се луксуз што не го поседувамe. Затоа, секогаш со восхит гледаме на поклониците на “Git Gud” менталитетот.

Воопшто не изненадува, тогаш, што пријатно не радуваат игри што црпат инспирација од соулслајк поджанрот, но нудат попристапно искуство, милостиво кон оние како нас. Asterigos: Curse of the Stars е токму таква игра. Иако највисоката тежина ќе ги задоволи мазохистите, на пониски тежини, играта е совршена за сите што сакаат да ја почувствуваат атмосферата на соулслајк, без фрустрирачкиот предизвик.

Проклетството на ѕвездите

Приказната е во срцето на Asterigos. Хилда, младата воинка, трага по исчезнатиот татко, а нејзината потрага ја води во срцето на проколнатиот град Ејфес. Наративот се одвива преку впечатливи дијалози и секвенци, но и преку бројни документи, како и личниот дневник на Хилда, кој ни овозможува да навлеземе во нејзините мисли и набљудувања. Светот на Афес е богат и полн со тајни. Покрај главната приказна, играта нуди мноштво споредни квестови и колекционерски предмети, што го прави истражувањето наградувачко и забавно.

Битките се интензивни и предизвикувачки, но фер. Системот за избегнување и тркалање е прецизен, а темпирањето на нападите е клучно за уништување на бројните непријатели и босови.

Asterigos: Curse of the Stars се истакнува со динамичен и флексибилен борбен систем. За длабока стратешка вредност, Хилда може да користи две оружја истовремено. Дополнително, имате на располагање шест типови уникатни оружја – меч и штит, двојни сечила, копје, чекан, стап и магични нараквици – секој нуди различни стилови на игра, дозволувајќи ви да одите со систем кој највеќе ви одговара. Имено, оружјата може да напаѓаат или да имплементираат одредени техники. Сите од оружјата имаат по неколку стандардни напади и техники, строго охрабрувајќи експериментирање се додека не дојдете до вашата идеална комбинација. Уште на самиот почеток, можете да извршувате едни напади со меч, други со чекан, а трети со штит. Борбениот систем во никој случај не се истакнува со револуционерни механики, но она што го има е навистина добро, нудејќи бројни можности за задоволителни битки со предизвикувачките непријатели.

Светот на Asterigos е визуелно импресивен, со прекрасни и мрачни локации. Големите мапи нудат одлични можности за истражување и пронаоѓање на корисни предмети. Но, немање соодветна мини мапа и показатели кои ве водат кон целта, често не ставаше во ситуации да се вртиме во круг и да не знаеме точно каде треба да одиме.

За побогати можности за прилагодување, имате на располагање и дополнителен систем со таленти.

“Asterigos: Curse of the Stars” е освежувачко акционо RPG кое храбро ги комбинира елементите на соулслајк жанрот со попристапен и наративно богат пристап. Acme Gamestudio успеа да создаде визуелно импресивен свет, динамичен борбен систем и привлечна приказна, што ја прави оваа игра да нуди незаборавно искуство.

Сепак, играта има и свои слабости. Големиот број документи и текстови може да го нарушат темпото на приказната и да го отежнат следењето на заплетот. Додека главната актерка е одлична, некои други ликови имаат помалку убедливи изведби. Иако визуелно импресивни, многу босови имаат предвидливи напади и рутини, што ги прави помалку предизвикувачки. Дополнително, навигацијата низ светот на Афес може да биде збунувачка поради недостатокот на детална мапа, што доведува до непотребно талкање.

На крај на денот, Asterigos: Curse of the Stars е амбициозна игра која нуди уникатно и забавно искуство. Иако има некои недостатоци, особено во однос на темпото на приказната и борбите со босови, силните страни како визуелниот дизајн и иновативниот борбен систем прават оваа игра да го заслужи вашето внимание. Acme Gamestudio покажа голем потенцијал и се надеваме дека ќе продолжат да ги подобруваат своите игри во иднина.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Acme Gamestudio
  • ИздаваtinyBuild
  • Жанр: акциона авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 11 октомври 2022

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments