Tomb Raider IV-VI Remastered: ново руво за стари игри

во гејминг

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на Tomb Raider игрите и сакате да ја видите вашата омилена британка во поубаво опкружување
  • Само едно копче ве дели помеѓу класична и надградена графика. Исто е и со класични и модерни контроли
  • Забележителна надградба на текстурите

На 14-ти февруари излезе феноменална колекција од три игри. Одамна најавена и долго очекувана од хардкор фановите на Лара Крофт, Tomb Raider IV-VI Remastered ги опфаќа класичните три Tomb Raider игри: Tomb Raider: The Last Revelation, Tomb Raider: Chronicles, и Tomb Raider: The Angel of Darkness. Доколку не ги имате игра оригиналните игри, римастер колекцијата е вашиот подобар избор. Надградените верзии се одликуваат со подобрени визуелни ефекти, избор помеѓу модерни и класични шеми за контрола и разновидни подобрувања кои го олеснуваат играњето. Покрај ова, ќе наидете и на фото режим, бројач на муниција на екранот и опција за прескокнување на сцените. Што ќе најдете во колекцијата?

Tomb Raider: The Last Revelation: древнo египетскo проклетство

Како четврта игра во серијалот, Tomb Raider: The Last Revelation ја следи Лара Крофт додека таа се впушта во потрага низ Египет за да го спречи египетскиот бог Сет.

Класичниот трејлер од 1999

Според египетската легенда, Хорус, синот на светлината, го надмудрил злобниот бог Сет и го затворил во тајна гробница. Пет илјади години подоцна, Лара Крофт ја открива изгубената гробница и несвесно го ослободува злобниот бог, исполнувајќи го древното пророштво за неговото враќање! Во трка со времето, Лара мора да ја искористи целата своја досетливост и вештина за повторно да го затвори Сет и да го спаси светот од целосно уништување.

Играта излегува во 1999-та година и, за среќа, привлекува генерално позитивни критики, истакнувајќи ги предизвикувачките загатки, огромните нивоа и интригатната приказна. Карактеристично за класичните Tomb Raider игри, најголеми проблеми и понатаму се препишуваат на контролирање на камерата и повремени багови.

Tomb Raider: Chronicles: мртва, или исчезната?

Петтата игра од серијалот, која излегува во 2000-та година, значително ги размрдува работите, особено во поглед на наративниот аспект.

Класичниот трејлер од 2000

Играта презентира колекција од минатите авантури на Лара Крофт, раскажани од нејзините блиски пријатели откако се претпоставува дека е мртва. Со овој уникатен пристап на раскажување, Tomb Raider: Chronicles и понатаму ја задржува класичната форма за истражување, решавање загатки и борба, воведувајќи, притоа, и нови механики како што се прикрадување и јавање по јаже. Од антички урнатини до високотехнолошки објекти, играта нуди различни предизвици за надминување.

И покрај одредени новитети, Tomb Raider: Chronicles не е пречекана од критичарите со раширени раце. Имено, некои го фалат разновидниот начин на играње и носталгичниот поглед на минатото на Лара, но некои го критикуваат недостатокот на иновации и сличноста со претходните наслови на Tomb Raider.

Tomb Raider: The Angel of Darkness: соочување со мрачно минато и тајна алијанса 

Tomb Raider: The Angel of Darkness излегува три години по петтата игра, во 2003 година, целосно делејќи ја групата од фанови, не толку поради нејзиниот амбициозен опсег и потемна атмосфера, колку што поради нејзините бројни грешки и багови, како и непотребни компликации поврзани со контролите.

Класичниот трејлер од 2003

Обвинета за убиството на нејзиниот поранешен ментор, Вернер Вон Крој, Лара станува бегалец. Прогонувана од полицијата, таа го следи Алхемичарот во мрачен свет полн со крв, предавство и одмазда. На вас е да пробате да ја победите оваа нечесна алијанса и да го спречите ослободувањето на разорните моќи врз светот.

Покрај воведувањето на потемен и позрел тон, шестата игра ги запознава фановите и со нови механики на играње како лента за издржливост и напредување кое потсетува на RPG игрите.

Надградено искуство

Tomb Raider IV-VI Remastered чекори по стапките на Tomb Raider I-III Remastered. Тоа значи дека втората колекција се одликува со истите новитети кои ја окарактеризираа првата, нудејќи пофлуидно и поубаво искуство за разлика од класичните игри.

Со само едно копче, можете да скокате помеѓу модерна и класична верзија на контролирање на ликот. Исто е и во поглед на графиката, дозволувајќи ви инстантно да се префрлувате на застарената или, пак, надградената графика. Овие две можности се најсилните точки во римастерот и, како големи носталгичари и фанови на Tomb Raider, особено мило ни беше што толку лесно можевме да скокаме помеѓу класичните и модерните верзии.

Tomb Raider IV-VI Remastered никако не е револуционерна колекција, но прави доволно добри работи за да ги овозможи игрите за полесен пристап до помпладата публика. И покрај видните графички подобрувања и подобрено контролирање, ова се сепак исклучително стари игри. Под хаубата сепак чука класичното срце и сакале – не сакале главните механики и понатаму бараат одредена трпеливост и навикнување. Доколку сте спремни за ваков компромис, времето пред вас ќе биде исполнете со бројни, впечатливи моменти кои го дефинираа жанрот со акциони авантури.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: AspyrCrystal Dynamics
  • ИздаваAspyr
  • Жанр: Авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 14 февруари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk