Ameca е хуманоиден робот, кој благодарение на интеграцијата на ChatGPT сега зборува на повеќе јазици. Engineered Arts, компанијата која е креатор на роботот, планираше да додаде четбот функционалност од минатата година, но сега конечно може да видиме како ова изгледа.
„Неверојатно е како едноставни работи може да направат машините да изгледаат свесно“, вели директорот на Engineering Arts, Вил Џексон за Verge.
Роботот на видеата зборува на англиски, јапонски, германски, кинески и француски јазик. За сѐ да изгледа речиси беспрекорно тимот на Engeneered Arts користи повеќе различни технологии. ChatGPT-3 за разговор и за превод; DeepL за детекција на јазик; Amazon Polly Neural за генерирање на глас. Интересно, причината поради која е одбрана постарата верзија на ChatGPT е брзината, GPT-4 бил многу побавен од GPT-3 во овој случај.
Она што може да го видиме на видеото е импресивно. Одговорите се слични како оние кои може да ги добиеме од оригиналниот четбот, па дури и синхронизирањето на гласот е нешто што сме го виделе претходно. Сепак, комбинацијата на сите овие работи со роботот е речиси неверојатна. Синхронизацијата на гласот со движењето на устата е нешто што треба да се направи во иднина. Засега овој дел не изгледа природно. Покрај недостатокот со синхронизацијата, роботот прави гестикулации и движења со кои целата комуникација изгледа поприродно. Ова и натаму останува фокус во развојот, заедно со доработка на гласот.
Од аголот кој ни е достапен во видеата малку потешко се забележува дека иако хуманоиден, роботот сепак не се движи. Веќе се работи на бипед кој ќе може да се поместува, но барем во моментов роботот е фиксиран.
Engeneered Arts работи на повеќе хуманоидни роботи. Ameca е роботот кој најмногу лични на човек, но и Mesmer, quinn и robothespian се интересни. Освен овие роботи, компанијата работи и на специјализирани решение за клиентите кои имаат поспецифични потреби.







