3 EA гејминг предлози за забавен старт на неделата

Октомври е месец кој „врие“ со интересни игри. Од страв да не ви се провлечат квалитетни игри под радарот, решивме да ви препорачаме да пробате да преживеете на остров, да си ја пробате среќата со нова дигитална професија, или пак да ја направите ултимативната одбрана против зомби чудовиштата. Сите од игрите се дел од раниот пристап на Steam, но се доволно добро разработени да можат да понудат часови и часови уникатна забава.

Project Castaway

Што е Project Castaway?

Игра во отворен свет, со голем фокус на истражување, ловење, собирање корисни работи, крафтање и градење структури.

Врескањето на Тихиот Океан

Со исклучок на ретките моменти глума, ако може и да се каже глума, како и нелогичната приказна каде оставате болна мајка за да барате вујко кого го нема цели 14 месеци, поголемиот дел од играта е квалитетно изработена. Светот изгледа преубаво, особено водените површини и она што се крие под нив. Подеднакво внимание посветувавме и на истражување на островите и на гнурење во длабочините на Тихиот Океан.

Project Castaway е многу повеќе од визуелно убава игра. Покрај темелито истражување, ќе можете да ловите, да сечете дрвја и да собирате најразлични дополнителни ресурси кои се наоѓаат само на одредени острови. Секој од островите се одликува со уникатни биоми во кои цвета најразлична флора и фауна, допринесувајќи до исклучително имерзивно искуство.

Паралелно со ова, ќе можете да можете да ги користите ресурсите за правење алатки и оружја, но и да правите цела база од операции. Иако почетокот делува како пријатно и релаксирачко искуство, работите набргу заземаат мрачен правец, внесувајќи вознемирувачки психолошки елементи кои се играат со разумот на играчот.

Project Castaway неодамна стана дел од раниот пристап на Steam и планира така да остане година-две. Моментно, играта има различни квестови и многу елементи за преживување, крафтање и градење. Во иднина, развојното студио Mardonpol Inc. би сакало да вметне поразновидна флора и фауна и да понудат квалитетно ко-оп искуство.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Mardonpol Inc.
  • ИздаваMardonpol Inc.
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 23 септември 2024

Storage Hunter Simulator

Што е Storage Hunter Simulator?

Симулација во раниот пристап на Steam која е замислена да ви дозволу да присуствувате на аукции и да купувате (не)корисни работи.

Ризична печалка

Технички, Storage Hunter Simulator сеуште не е излезена. Иако чедото на Raccoons Studio треба да ја здогледа светлината на денот на 10 октомври, веќе имате забавно демо преку кое точно можете да проверите дали е ова симулација по ваш кеф, или пак е наслов кој би требало целосно да го заобиколите, нешто што ние никако не би ви препорачале.

Да, Storage Hunter Simulator обработува помалку позната тематика каде одите на најразлични аукции, надавате и го купувате тоа што го има во гаражите за да подоцна видите дали можете да направите некаков профит. На располагање имате илјадници предмети кои можете детално да ги анализирате за да видите каква вредност истите би имале доколку пробате да ги продадете на некој друг. Продавањето го правите во ваша продавница која полека ја уредувате и полните со најразлични предмети.

Обично, многу вакви симулатори се исклучително лошо и не нудат некаква висока игрива вредност. Но, има нешто посебно во Storage Hunter Simulator, особено доколку сакате да почнете нов дигитален живот од нула, да ризикувате за да откриете одредени богатства кои многу вредат за колекционерите. Особено ни се допадна можноста за возење автомобил, како и товарење и возење на работите од една до друга точка.

Откако ќе излезе играта на Steam, развојното студио Raccoons Studio планира да работи на играта година дена. За тоа време, планираат да воведат значително повеќе содржини, како во поглед на квестови, така и во поглед на проширување и збогатување на светот. Играчите би имале поголема контрола над продавниците, но и комплексен систем за напредување. Во исчекување на играта, проверете го демото!

Повеќе детали за играта


Ultimate Zombie Defense 2

Што е Ultimate Zombie Defense 2?

FPS акција во која четири играчи градат база и се спротиставуваат бранови од зомби чудовишта.

Крвава дружба

Првата Ultimate Zombie Defense беше игра која во 2020-та година пружи невообичаена забава од изометриска перспектива, предизвикувајќи ги четирите играчи да ги здружат силите и заеднички да елиминираат бранови од зомби сусштества преку користење арсенал од оружја и импресивна колекција од замки. Втората игра, која неодамна стана дел од раниот пристап на Steam, ја нуди истата забава, но со проширени механики и во FPS опкружување.

Сами или со уште тројца пријатели, ќе можете да навлезете во најразлични мапи и да се соочите со бројни непријатели. Голем број од непријателите се надградена верзија од првата игра. Слично е и со бројните замки кои можете да ги поставувате. Можете да поставувате огради, вреќи полни со песок, или бетонски барикади. За поефикасно справување со непријателите, можете да градите и автоматизирани оружја, како и да поставувате мини од различен разорен карактер.

За време на брановите, можете да купувате најразлични надградби за вашите оружја, како и да ја прикажете мапата од птичја перспектива и да поставувате најразлични замки и препреки. Штом почне акцијата, инстантно станувате преплавени од бројни зомби чудовишта. Издржете доволно долго, и ќе можете да се соочите и со предизвикувачки босови кои знаат за секунда да ја срушат вашата база.

Ultimate Zombie Defense 2 не планира да е долго во раниот пристап. Во времетраење од шест до девет месеци, развојното студио Terror Dog Studio планира да го вметне посакуваниот уредник за мапи за да може играчите да прават лични предизвикувачки сценарија. Паралелно со тоа, ќе воведат и две дополнителни мапи и уште неколку босови. Моментно, на располагање имате три мапи, три режими на играње над 20 оружја и 4 босови.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Terror Dog Studio
  • Издава: Terror Dog Studio
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 27 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments