The Holy Gosh Darn e откачена авантура во која ќе пробате да го спасите рајот!

Perfectly Paranormal е талентирано студио од Норвешка кое претходно работеше на Manual Samuel – Anniversary Edition и Helheim Hassle! Двете игри генерираа доволно интерес, особено Manual Samuel за да ги охрабрат авторите да направат уште една хумористична авантура во откачен свет. По стапките на помалиот брат, The Holy Gosh Darn е наративна авантура во која, преку имплементирање механика за патување, скокате низ времиња и локации, се со цел да пробате да го спречите уништувањето на рајот.

Рајско патешествие

The Holy Gosh Darn започнува во рајот. И со броење кучиња. Рајот е прекрасно место во кое доаѓаат по 17000 кучиња дневно. И ништо друго освен кучиња. Се додека еден судбоносен дел вашата направа не детектира навалица од фантоми. Овие фантоми го загрозуваат постоењето на рајот и вашата задача, како англе, е да побрзате и да ставите крај на заканата со мистичен божји артефакт која се вика како и насловот на играта. Од тука почнува сулуда трка со времето, осносно франтично враќање на времето, сретнување откачени ликови и вложување надчовечки напори за промена на судбината.

Иако се работи за чисти, едноставни цртежи и скромни анимации, забележителна е неверојатна посвета на детали, од дизајнот на позадините, преку погледи полни со емоција, извртување на усните, па се до здодевно климање со главата или нервозно тресење на ногата. Камерата вешто се поставува за да понуди динамична презентација на настаните кои се одвиваат, а гласовите ги позајмуваат талентирани актери. Ова е игра која изгледа како цртан, но се однесува како да е вистински филм. Секоја чест на тимот!

Авантура не би била авантура без најразлични предизвикувачки загатки. Паралелно со приказната и загатките, имате на располагање Metroidvania инспирирано напредување каде истражувате четири различни светови низ, како што кажавме, различни временски периоди. Секој дел од мапите е вистинско задоволство за истражување. Ќе видите крајно невообичаени статуи, креативно осмислени суштества, симпатично слатки или пак урнебесно смешни ентериери.

Карактеристично за авантури од овој калибар, вашиот лик може да се движи низ дводимензионалните мапи, да скока, да стапува во интеракција со различни предмети и лица, да води разговори или пак да решава загатки. Играта пријатно не изненадува од самиот почеток па се до крајот, со бројни неочекувани реакции дури и на најмалите акции. Пример, ќе видите знак и со кликнување на него, девојката ќе погледне лево-десно и пакосно ќе го турне на земја. Скокање во провалија излезе дека е само скокање по облачиња. Не може, а да не се цени ваквата посвета и на најситните детали.

Ние, како огромни фанови на авантури, апсолутно уживавме во освежителниот продукт кој произлегува од заедничка соработка помеѓу Perfectly Paranormal и Yogscast Games. Играта се одликува со одлична, урнебесно смешна приказна, предизвикувачки, но забавни загатки, впечатливи светови за истражување, харизматични ликови за разговарање и слатки, неодоливи кученца за дигитално мазење. Во случај да не сте сигурни дали е ова игра за вас, проверете го првин бесплатното демо! Шансите се дека и вие ќе бидете импресионирани како нас!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Perfectly Paranormal
  • Издава: Yogscast Games
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 26 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments