IDUN – Frontline Survival: револуционерен спој на акција и стратегија

во гејминг

Зошто да ја играте?

  •  Акција во реално време и стратешко поставување кули
  •  Моќен арсенал од алатки, како преносливи и орбитални топови
  • Предизвикувачки непријатели и комплексна надградба на единици и база

Со IDUN – Frontline Survival развојното студио – IDUN Interactive се имаат потрудено да понудат игра која ветува возбудлива комбинација од акција во реално време и стратешко поставување на одбранбени кули. Идејата е да се борите против бранови од немилосрдни вонземски суштества така што коритите арсенал од алатки, како преносливи и орбитални топови. Но, начинот на кој се изведува ова е крајно невообичаен и, на моменти, освежително револуционерен.

Стратегија која се фокусира на одбрана

На чело на IDUN Interactive стои Густав Хагерлинг, поранешен главен директор за визуелни ефекти на Battlefield.

IDUN – Frontline Survival нуди неколку режими, како што се одбрана на базата за собирање ресурси, придружба на нуклеарни возила и заштита на рударски колички. Може да распоредувате тенкови, кули, бариери и други алатки за да ги блокирате брановите од непријатели. Со текот на играта, ресурсите кои ги собирате ќе ви помогнат да ги надградувате вашите единици и база, како би можеле полесно да се спротивставите на непријателските роеви кои немилосрдно го преплавуваат екранот.

Но, IDUN – Frontline Survival е многу повеќе од опишаното во горниот параграф. Ова е интензивна игра која бара брзо размислување и стратегија. Како собирате ресурси така роевите од непријателите стануваат поразновидни и поагресивни, напаѓајќи од сите можни страни и принудувајќи ве често да менувате стратегии. Првата интересна работа е тоа што кулите кои ги поставувате може лесно да се поместуваат низ мапата, пружајќи ви одлични можности за брзо репозиционирање на бојното поле.

Ова свежа тактика е дополнително ревитализирана со воведување детално дрво со вештини кое, со текот на времето, прави да сте несопирлива сила на бојното поле. Дополнително, етапната надградба на вашата вселенска станица го поплочува патот кон нови разорни кули, елитни единици и тактички алатки.

Како и кулите, така и секој херој се одликува со уникатни статистички вредности и оружја, допринесувајќи до разнолико искуство. Во ова помага и начинот на кој се осмислени мисиите во кампањата, често наметнувајќи различни цели како би се одржувала свежината низ кампањата.

Сите овие работи се одлично вметнати со хумористичната приказна која, потпомогната од солидните дијалози, знаеше да ни измами насмевка-две.

Најсилната и, можеби, наинтересната работа во IDUN – Frontline Survival е тоа што во сржтта на клучните механики чука roguelite срце, погрижувајќи се секое наредно преигрување да е уникатно и полно со свежи предизвици. Особено ни се допаднаа рандомните надградби и способности кои ги отклучувате директно на бојното поле.

Како последно нешто што би сакале да истакнеме е цената. Играта не чини ни 15 евра, а нуди исклучително висока вредност на преигрување, особено доколку сте фанови на уникатни стратегии и забавни одбранбени механики. Нормално, на располагање имате и повеќе од одлично демо.


IDUN – Frontline Survival е прекрасна и крајно забавна игра која успешно го разрдува стерилниот стратешки жанр, нудејќи одлични можности за незаборавна акција во детален свет и солидна музичка подлога.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: IDUN Interactive
  • ИздаваSurefire.Games
  • Жанр: Стратегија, roguelike
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 20 јануари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments