2во1: Tiny Bookshop и Grand Emprise 2: Portals Apart

Бегство во светот на книгите

Во случај да подолго време сонувате да го напуштите секојдневниот хаос и да започнете нов живот на мирно место, играта Tiny Bookshop е вашиот безбеден избор, нудејќи ви можност да отворите сопствена мала, шармантна книжарница во гратче покрај морето. Играта се смета за пријатна симулација која комбинира менаџирање со богата приказна, каде што секој ден носите одлуки кои го обликуваат вашето мало царство на книгите и односите со локалното население.

Во Tiny Bookshop главната цел е да управувате со книжарница за половни книги. Ќе треба внимателно да избирате кои книги и предмети ќе ги нудите, да ги поставувате полиците и да создадете уникатен амбиент. Можете да го декорирате просторот според ваш вкус, како зелена оаза полна со растенија или пак мистериозна атмосфера полна со свеќи. Секој предмет што ќе го додадете не е само за декорација, туку има и влијание врз вашите клиенти и може да отклучи нови можности во играта.

Интеракцијата со жителите на малото градче е од клучна важност. Ќе запознаете најразлични интересни ликови, секој со своја приказна и потреби. Ваша задача е да им ја препорачате вистинската книга, да ги разберете нивните вкусови или можеби да ги поттикнете да пробаат нешто ново. Градењето пријателства и меѓусебната помош ќе ви помогнат да успеете и да станете дел од заедницата. Различни делови од градот привлекуваат различни типови на читатели, па ќе мора да научите да ги препознавате нивните навики за да станете вистински мајстор на својот занает.

Освен водењето на книжарницата, играта ве поканува да го истражите живописното гратче Букстонбери. Шетајќи низ неговите скриени катчиња, ќе откривате долго чувани тајни за историјата на местото, ќе собирате предмети и ќе ја надополнувате вашата колекција на поштенски марки. Истражувањето додава слој на авантура и ве поттикнува да го откриете секој детаљ од светот во кој се наоѓате.

Tiny Bookshop изгледа како совршено дигитално прибежиште за сите оние кои бараат релаксирачка и топла игра. На располагање имате прекрасен баланс помеѓу креативноста во уредувањето, предизвикот на менаџирањето и задоволството од поврзување со интересни ликови и откривање на нивните приказни. Ако сакате игри кои ве смируваат и ве вовлекуваат во еден поинаков, поспокоен свет, тогаш оваа мала книжарница покрај морето со сигурност вреди да ја посетите.


Grand Emprise 2: Portals Apart e продолжение на Grand Emprise: Time Travel. Неодамна излезената игра ветува уникатна авантура за преживување, исполнета со брза акција и разновидност. Но, дали навистина патувањето низ мистериозни портали ќе ве одведат во фантастични светови, полни со нови предизвици и возбудливи откритија?

Во текот на вашето патување, ќе мора да се потпрете на вашите вештини за преживување. Собирањето ресурси е клучно за изработка на неопходни алатки и моќни оружја. Покрај тоа, ќе имате можност да изградите сопствена база со различни станици за изработка, како и да развиете системи за генерирање енергија. Подгответе се за интензивни борби со предизвикувачки противници, со можност за прилагодување на тежината, и постојано надградувајте ги вашите способности за полесно и побрзо движење низ световите.

Целта во Grand Emprise 2 не е да понуди sandbox искуство, туку да ве води низ кратки сегменти кои би требало да ја задржат динамиката и постојаната возбуда. Сепак, важно е да се земе предвид историјата на развивачот. Tbjbu2 е често обвинуван дека неговите десетина објавени игри честопати се сметаат за недоработени, а критиките и предлозите од играчите се игнорираат.

Доколку имате 10 евра, би можеле да проверите дали Grand Emprise 2: Portals Apart успева да се претстави како интригантен концепт со уредно спакувана, брза и разновидна авантура.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk