Forgive me Father 2 е забавен boomer shooter со арсенал од невообичаени оружја

во гејминг

Ако сме на нешто огромни фанови, тоа се таканаречените boomer shooter-и или ретро-инспирирани пукачки игри. Акцентот кај овие игри е на брзината и на импресивно елиминирање непријатели со арсенал од оружја. Во 2022-та година, Forgive me Father направи вистински бум на сцената, привлегувајќи го вниманието на критичарите со светот и непријателите кои се директно инспирирани од делата на Лaвкрафт. Две години подоцна, Forgive me Father 2 излезе. Финалната верзија е се што беше првата игра и многу повеќе. Значително подобра графика и истиот морбиден универзум одново се отвораат да го голтнат играчот. Ќе можете ли да одолеете?

Лавкрафтово лудило

Forgive me Father 2 почнува во релативно вознемирувачка околина каде користите револвер за да се спротивставите на легија од нешто што личи или фанатични лудаци или пак поседнати луѓе. Но, како поминува времето така се менува околината, непријателите, а и оружјето што го користите. Шетајќи низ лавиринти од мрачни реалности, ќе истражувате најразлични места кои се полни со непријатели кои како да се директно извлечени од вознемирувачки ум на Лавкрафт. Таквото нешто е јасно и од импресивниот арсенал од невообичаени, но крајно ефикасни оружја.

Доколку доаѓате од единицата, првото нешто што ќе го забележите во Forgive me Father 2 е графиката. Авторите вложиле посебни напори за да понудат стриповска атмосфера која се одликува со подобрено осветлување, спрајти и модели. На поквалитетен монитор, играта нуди незаборавно визуелно искуство, особено кога ќе користите најразлични уникатни оружја за масовно покосување на непријателите. Секое од 20-те нивоа е дизајнирано на нови, уникатни начини, пружајќи забавно и свежо искуство. Но, би сакале да потенцираме дека на некои мапи е посветено многу повеќе внимание и се нудат поинтересни начини на напредување (како босот кој поставува ѕидови кои треба да ги избегнувате), додека некои нивоа не се ништо повеќе од места во кои треба безглаво да уништувате непријатели.

Forgive me Father 2 воопшто не е лесна играта и бидете спремни да умирате често, особено доколку ја играта на попредизвикувачка тежина. Ова е игра која бара од вас да имате истенчени рефлекси, константно да се во движење и внимателно да нишаните во критичните точки на непријателите. Во спротивно, сметаме дека нема далеку да стигнете. Но, не е се само безглаво трчање. Во одредени моменти, ќе бидете принудени и да барате одредени клучеви за да можете да отклучите порти, или пак тајни места. Обично, клучевите не се лесно достапни и потребно е истражување и нивно барање низ околината.

Често ќе наидувате и на интересни извадоци за читање, преку кои добивате подобар увид во лорот. Во поглед на приказната, наместо двата протагонисти од првата игра, овојпат играте само со едниот, односно со свештеникот. Разработувањето на приказната е преку самиот свештеник и гласот кој го слуша во глава, принудувајќи го да донесува одредени избори низ кампањата. Независно од тоа, апсолутно задоволство е да се користат откачените оружја во Forgive me Father 2. Секое од нив е пропратено со различни визуелни и аудио ефекти, пружајќи огромна сатисфакции при уништување на непријателите.

Покрај оружјата, ќе можете и да користите неколку способности кои произлегуваат од мрачните томови кои ги откривате. Само пофални зборови можеме да упатиме и кон разноликите непријатели. До крајот на играта ќе се соочите со многу уникатни противници. Секој од нив се одликува со уникатни напади и ќе знае, на еден или на друг начин, да ве исфрустрира. Нашиот омилен непријател си носи уште една глава со него, обесхрабруваќи ја нашата инстинктивна желба за хедшат. И како за крај, би било злочин да не ја споменеме и квалитетната музичка подлога и аудио ефекти. Оние кои се по метал и крваво сеење хаос, добро ќе се хранат со Forgive me Father 2!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Byte Barrel
  • ИздаваFulqrum Publishing
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 24 октомври 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments