Минатата недела се одржа 48 часовниот маратон на кој учесниците креираат видео игри – Global Game Jam Skopje 2024. Хакатонот беше во организација на Macedonian Games Industry (MGI). Оваа година за првпат имаше и настани во неделата пред викендот, па учесниците можеа да слушнат неколку супер интересни предавања.
Global Game Jam и натаму останува еден од настаните со најдобра енергија во Македонија. Оваа година се пријавија 60 учесници, ама интересот беше поголем, па на локацијата дојдоа 75. MGI успеа да пронајде место за сите. Формирани беа 17 тимови, кои направија 19 неверојатни игри. Најголем дел се видеоигри 18, а имаше и една друштвена игра.
Global Game Jam е глобален настан кој секоја година се организира на куп локации во целиот свет. Се одржува последниот викенд во јануари и е најголемиот двигател на индустријата за развивање на игри во Македонија.
Вообичаено делот на Global Game Jam на кој се прават игрите започнува во петок со склопување на тимовите и претставување на темата. Оваа година, ентузијастите за развој на видеоигри во 109 земји од целиот свет, на 797 локации правеа игри на темата „Пробај да ме насмееш“. На настанот учествуваа 48000 учесници низ целиот свет.
„💯 Ова беше, без размислување, најдобриот Game Jam кој до сега се одржал во Македонија!“, велат организаторите на настанот.
На овие настани нема победници и поразени, ама еве ги игрите кои освоија награди:
🏆 Најдобра игра – Termonuklearen Cringe – Dzagara i Bagara
🖌️ Најдобар арт – Milenium Falcons – PUFF ALLEY
⚙️ Најдобар дев – Lama – Laughter Lord
🦄 Надежни џемери – High Scend – Жаклина
Global Game Jam се одржува секоја година, последниот викенд во јануари, и е најголемиот двигател на индустријата за развивање на игри во Македонија.
Уште повеќе видеа од игрите има на YouTube каналот на Macedonian Games Industry.
Ако сакате да изиграте некоја игра, дел од направените видеоигри се веќе достапни на веб-страницата на Global Game Jam.
Настанот го потпомогнаа: Intetic, CrazyLabs, А1 Македонија, Seavus Education & Development Center, Liocafe, Pizza Jakomo, Kviki Makedonija, KFC, Red Bull, „7 (Седмица)“, ARAIG As Real As It Gets. 42.mk го отстапи својот простор за работа, и Galactic Omnivore помогнаа за сѐ околу џемот.
А еве и како настанот изгледаше низ фотографии:
















