0 коментари 2 мин. читање 19 мај, 2023

Проверете го вашиот вид со Eye Patient

Во денешно време и со константната изложеност пред екрани, нема некој да нема проблеми со очите. Најдобар совет што можеме да дадеме за ова е да си направите офталмолошки преглед доколку забележите нарушување на видот. Во меѓувреме, можете да го истестирате вашиот вид, да дознаете до кој степен се проблемите и да прочитате корисни информации и совети преку апликацијата Eye Patient.

Како бесплатна Android апликација, Eye Patient ви дозволува лесно да ја тестирате визуелната острина, чувствителност на контраст и други очни проблеми.

Преку тестовите за визуелна оштрина можете да дознаете колко добро можете да препознавате бројки, букви, предмети и бои, како и да видите во каква состојба е вашата периферна визија.

Со таканаречената табела Snellen можете да читате букви од различни далечнини за да се правилно истестира состојбата на вашиот вид, а преку Eye Health Score можете да научите за бројни симптоми и нарушувања како макуларна дегенерација, глауком, и слично. За што е можно подобра дијагноза, на располагање имате и тестови како Amsler Grid, Landolt-C графикони, како и тестови за визуелна перцепција.

За крај, како што напоменавме, можете да пристапите до огромна ризница од податоци кои ве советуваат како подобро да се грижите за вашите очи и ги објаснуваат бројните тестови, лекувања, терапии и, доколку е потребно, операции.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top