3 апликации кои помагаат на децата подобро да ги контролираат емоциите

Бес и лутина се две клучни емоции кои водат кон агресија. Кај децата ова знае да биде како фрустрирачко и ненаситно животно, без никакви можности за контрола. Родителите и наставниците ја имаат клучната улога да им помогнат на децата да ги препознаат ваквите негативни емоции и правилно да се справат со нив. Токму поради тоа, одбравме 3 софтверски апликации кои би требало да го прошират арсеналот на децата при справување со психолошкиот хаос во нивните глави.

Breathe, Think, Do with Sesame е бесплатна апликација за Android и iOS. Преку уникатни активности, слаткото чудовиште кое се има вдомено во апликацијата им помага на помладите дечиња подобро да развијат свест и правилно да се справат со негативните емоции кои ќе се осмелат да испливаат на површина.

Па така, дечињата кои лесно се фрустрираат при облекување чевли, одделување од родителите, спиење во темница и слично, се учат на трпеливост и разбирање, а на родителите се нудат најразлични совети и стратегии за излегување на крај со маките на детето.

Calm Kids е подкатегорија од апликацијата Calm – една од подобрите апликации за развивање свесност и подобро справување со емоциите. Calm Kids целосно се посветува на вежби за препознавање на емоциите, активности за релаксација и приказни за полесно и подлабоко спиење.

Независно од возраста на детето, може да се најдат најразлични корисни активности, уредно подредени во соодветни категории, во зависност од моментната емотивна потреба на детето. Calm не е бесплатна апликација и иако можете бесплатно да ја проверите на седум дена, понатамошна употреба бара да се претплатите на една година. Апликацијата е достапна за Android и iOS.

Headspace for Kids e уште една апликација која се посветува на нудење стратегии за смирување, фокусирање, љубезност, спиење, и будење кај дечиња до 12 години (програмите се прилагодени според возрасната категорија).

До финалната цел децата пристигнуваат така што се учат како правилно да дишат, емоционално здраво да ја анализираат ситуацијата во која се наоѓаат и да не дозволат лошите емоции да седнат зад воланот. Слично на Calm и ова е апликација која бара финансиска посвета независно од тоа дали ќе се користи на Android или iOS напојувани направи.

Тоа беа трите апликации кои ги одбравме за денес. Изградување правилен начин на размислување е долг и тежок процес која бара трпение и посветеност. Токму поради тоа, возрасните се тие што треба да ги водат дечињата низ активностите кои се наоѓаат во апликациите. Добрата работа е тоа што поголемиот дел од активностите пуштаат универзални корени и, во процесот на помагање на децата, би можеле да се изненадите колку можете и на самите себе да си помогнете!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk