0 коментари 3 мин. читање 11 јули, 2024

Културата на одбегнување и сигурните извори на информации на Gen Z

Gen Z како прва генерација која што е родена и израсната со технологијата во рака има доста поразлични навики за разлика од другите генерации. Кога се работи за конзумирањето на информации, оваа генерација го има предизвикот на одбирање на точнатa и веродостојна информација.

Предизвикот кај повозрасните генерации бил да се дојде до информацијата, а предизвикот кај Gen Z е да се препознае точната информација во купот на информации.

Photo by Roman Kraft on Unsplash

Ова е појдовна точка на креирањето на култура на одбегнување (Cancel culture), односно одбегнување на веб-страници претрупани со реклами, pop-up реклами, платежни ѕидови, веб-страници без соодветна безбедносна заштита, лажни профили на социјалните мрежи и што уште не.

Поради фактот дека мора да се пронајде точната информација во купот на информации, оваа генерација учеше, учи и сѐ уште ќе учи како да ги одбегнува поголемиот дел од информациите на интернет.

Доколку ги споредиме со останатите генерации, Gen Z како најмлади се имаат соочено со овој предизвик, па така тие најдобро знаат како да го проверат изворот на информацијата и дали истата таа инфромација е креирана од човек или пак е AI генерирана, сето ова допринесува до тоа информациската писменост кај Gen Z да е на повисоко ниво.

Како резултат на културата на одбегнување е и фактот дека оваа генерација има најкратко време на фокус на одредена информација од само неколку секунди. Во оваа насока се појавува и една друга активност, а тоа е читањето на коментарите на одредена објава, откако ќе се прочита само насловот на објавата.

Gen Z донесуваат одлуки и креираат мислења врз основа на коментарите на одредена објава, но многу често без да потрошат време за да ја прочитаат содржината на објавата. Најбрзо се донесуваат одлуки и креираат мислења кога луѓето кои што коментирале се на иста возраст со тие кои што ги читаат коментарите.

Покрај читањето на коментари на социјалните мрежи, други сигурни извори за Gen Z се содржините креирани од омилените инфлуенсери и разговорите во мали таргетирани групи.

Содржината креирана од инфлуенсерите се среќава во сѐ поразличен формат, а пак разговорите и размената на мислења се одвива на социјални мрежи како Discord и Reddit.

Кога треба да се донесе некоја животна одлука како запишување на факултет, избор на кариера, избор на работна позиција и слично, Gen Z поминуваат многу време во читање на различни коментари и мислења на интернетот и се повеќе вредност им даваат на неформалните мислења и коментари.

Avatar photo
Напишано од

Љубомир Давитков

Љубомир Давитков е автор соработник на IT.mk, софтверски инженер, а во слободно време пишува tech блогови и вежба карате.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top