Кој ќе победи во робо-такси трката: американските или кинеските компании?

Кинеските и американските компании долго време доминираат во трката со високи суми за развој на автономни услуги за споделено возење.

Сега, конкуренцијата станува глобална. Waymo, во сопственост на Alphabet и првиот што лансираше целосно услуга без возач во Феникс во 2020 година, останува лидер во САД. Сепак, кинеските конкуренти брзо го намалуваат јазот и во обемот и во иновациите. Apollo Go на Baidu наводно оствариле над 11 милиони возења – надминувајќи ги 10-те милиони на Waymo. Сега Baidu тестира операции во Хонг Конг и ОАЕ, со планови за проширување во Швајцарија и Турција.

Други големи кинески играчи, вклучувајќи ги WeRide и Pony.ai, двете котираат на берзата во САД и поддржани од инвеститори како Nvidia и Toyota агресивно се шират преку партнерства со Uber низ Европа и Блискиот Исток. И двете компании, исто така, обезбедија дозволи за тестирање во САД.

Во меѓувреме, Елон Маск неодамна објави дека Tesla ќе ја лансира својата долгоочекувана услуга за робо-такси превоз во Остин овој месец, а наскоро ќе следат и Сан Франциско и Лос Анџелес.

Photo by Timo Wielink on Unsplash

Робо-такси возилата користат напредни сензори, камери и вештачка интелигенција за да работат со минимален човечки придонес. Но, широкото распоредување останува тешко поради сложените регулативи и барања за тестирање.

Appolo GoWeRideWaymoTesla
Остварени возења11 милиони350,000+10 милиони/
Градови на оперирање во домашната држава10+ града во Кина5 града во Кина4 града во САДТест возења во Аустин
Специјална карактеристикаПрв во Кина што ги отстрани безбедносните операториTencent cloud услуги и услуги за мапирањеВо 2018 година лансираше услуга возење без возачСопствениците на Tesla би можеле да дејствуваат како оператори на робо-такси
Година на формирање2013201620092016

Кинеските фирми ја работат на глобалната експанзија за да привлечат инвеститори, вели експертот за автомобили Џанг Сјанг. Со помалку глобални конкуренти, полесно е да се соберат средства за истражување и развој.

Baidu започна со тестирање на големи размери во Вухан во 2022 година и се прошири во 11 градови, достигнувајќи зголемување на возењето од 75%. Сепак, Мекинзи вели дека робо-такси автомобилите нема да се прошират комерцијално до 2030 година.

Додека Waymo продолжува да обезбедува финансирање, GM ги прекина инвестициите во Cruise, а Motional ги прекина партнерствата поради трошоци.

И покрај тоа што сè уште нема профит, ниските трошоци за возење во Кина – 35 центи по милја наспроти 2 долари во САД – ја прават силен конкурент во робо-такси трката.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk