ChatGPT ќе може да се користи и без профил, ама ќе биде понекорисен…

OpenAI објави дека започнува со тестирање на верзија на ChatGPT за која корисниците нема да мора да бидат најавени на платформата. Користењето на најпопуларната вештачка интелигенција без профил во моментов е достапна единствено како тест верзија на неколку пазари.

Заедно со најавата OpenAI сподели малку интересни статистички податоци. ChatGPT го користат 185 милиони корисници секоја недела, а платформата е достапна во 185 држави.

Целта на нашата мисија е да ги направиме алатките како ChatGPT широко достапни за луѓето да ги искористат придобивките од вештачката интелигенција. Над 100 милиони луѓе од 185 држави го користат ChatGPT секоја недела за да научат нешто ново, да пронајдат креативна инспирација и да добијат одговори на своите прашања. Од денес, може да го користите ChatGPT веднаш, без да има потреба од најавување. Планираме постепено да ја имплементираме промената, со цел вештачката интелигенција да биде достапна за секој кој е љубопитен.

Тоа што корисниците не се најавени на платформата воведува некои ограничувања. Најголем дел од нив се разбирливи, на пример не постои начин за зачувување на резултатите од пребарувањето. Дополнително, „Customize ChatGPT“ не е достапен без најава на профилот, а и некои од ограничувањата по темите се поригорозни. ChatGPT не одговара на некои прашања и кога ќе му ги поставите ви кажува дека има ограничувања кои се поставени. Досега нема никакво објаснување за какви ограничувања станува збор, а претставникот на OpenAI не одговори ниту на прашањата на TechCrunch.

Прашањата кои ги поставувате и комуникацијата која ја користите со ChatGPT ќе биде користена за тренинг на GPT. Корисниците ќе може да одберат нивните податоци да не бидат дел од тренингот, без разлика дали имаат креиран профил или не. Вообичаено за функционалноста ќе треба да се оди во нагодувањата, па да се пронајде таму, што некако навестува дека за поголем дел од корисниците сепак ќе остане активна.

Во моментов нема објава за кои се пазарите на кои ChatGPT ќе може да се користи без најава, ниту кои ќе биде начинот за избор на првите корисници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments