0 коментари 4 мин. читање 5 октомври, 2022

Македонски научници наградени на меѓународна конференција за паметни технологии и уреди во Англија

За време на меѓународната конференција за паметни технологии и уреди – Ubicomp и ISWC 2022 во Кембриџ, Англија, македонски тим на научници и инженери заедно со своите англиски колеги од компанијата за wearable технологии Emteq Labs, се здобија со прва награда за најдобра демострација на иновативна технлогија –  паметните очила OCOSense. Победничката демонстрација покажува паметни  очила кои што преку иновативни сензори и Вештачка Интелигенција ги препознаат изразите на лицето, а преку тоа даваат информации за емоционалната сосојба и однесувањето на корисникот што ги носи. 

Emteq Labs развива технологија за препознавање на емоции и овозможува аналитика во реално време. Очилата OCOsense се се-во-едно решение за снимање на сензорски податоци и означување на сензорските податоци користејќи одговори на корисниците. OCOsense може да се користат во реалниот свет или во проширената реалност.

Македонскиот тим на научници и инженери кои што ги создаваат наградените алгоритми за Вештачка Интелигенција во Emteq Labs, го сочинуваат: д-р Христијан Ѓорески, д-р Мартин Ѓорески, м-р Ивана Кипријановска, м-р Симон Станковски, Филип Панчевски, и Бојан Софрониевски. 

 Тимот на Emteq Labs со наградата за најдобро демо на Ubicomp 2022

„Ова е втора година по ред како Emteq Labs  со своите решенија ја добиваат првата награда на конференциите Ubicomp и ISWC. Ова научно признание е голема мотивација за нашиот млад, но силен тим на истражувачи за Вештачка Интелигенција“. – изјави Д-р. Христијан Ѓорески, вонреден професор на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ/УКИМ) и водечкиот научник за вештачка интелигенција во Emteq Labs.

Д-р. Чарлс Ндука, извршен директор и водечки научник во Emteq Labs, ја објасни технологијата:

„Оваа технологија е првата платформа за препознавање на изрази на лицето, човечки активности, и однесување во светот. Познат како „Fitbit за чувства“, OCOSense наскоро ќе биде достапен за сите истражувачи. Многу корисници ќе имаат корист од можноста за следење на далечина на домашен третман или медицинска терапија, вклучувајќи ги луѓето со депресија, Паркинсонова болест, парализа на лицето, и други слични состојби.”

Презентација за време на Ubicomp – Ивана Кипријановска, Data Scientist во Emteq Labs

Демонстрациите во живо на технологии и решенија за носење (анг. wearables) се составен дел од конференцијата UbiComp/ISWC. Учесниците имаат можност да ги прикажат своите прототипи и комерцијални производи на пошироката публика и медиумите. Интердисциплинарното поле на истражување “Сеприсутни Технологии” (анг. Ubiquitous computing) употребува и интегрира безжични, вградени и/или носливи мобилни технологии за да ги премости границите помеѓу дигиталниот и физичкиот свет. Конгеренцијата UbiComp/ISWC обединува врвни истражувачи заинтересирани за ова научно поле.

Целата приказна на македонскиот тим започна со основањето на компанијата АИДЕА Лаб од страна на Христијан и Мартин Ѓорески, и со создавање на иновативна платформа за следење на здравјето со помош на Вештачка Интелигенција – mAIHealth. Потенцијалот на платформата го препозна англиската компанија Emteq Labs, кои што се одлучија да ја инкорпорираат платформата, но и целиот тим од Македонија во нивната компанија. Со тоа, АИДЕА Лаб стана главниот хаб за Вештачка Интелигенција и аналитика на Emteq Labs.

Д-р. Христијан Ѓорески и д-р. Мартин Ѓорески, основачи на АИДЕА Лаб во Македонија, главниот хаб за Вештачка Интелигенција на Emteq Labs од Англија.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top