Uber најавува нов, поевтин сервис за транспорт

Uber за жал и натаму е недостапен во Македонија, но оваа недела претставија нова услуга која изгледа дека ќе беше супер корисна кај нас. Новиот сервис е наречен „Route Share“, и е насочен кон корисниците кои секојдневно патуваат на работа и назад. Оваа опција нуди значително поевтини возења во споредба со стандардниот Uber превоз. Според најавата возењето со „Route Share“ е дури 50% поевтино во споредба со стандардниот UberX. Сепак, постои едно ограничување. Route Share ќе биде достапен само во текот на работните денови и часови кога има најголем метеж.

Концептот на Route Share е сличен на автобуски превоз. Возилата ќе застануваат на попатни станици на секои 20 минути по најфреквентните улици. Корисниците ќе треба да пешачат најмногу 15 минути до нивната „станица“ и ќе го делат возилото со уште двајца патници. Според најавата, овој сервис ќе биде достапен во неколку големи градови во САД. Route Share ќе биде достапен во Њујорк, Сан Франциско, Филаделфија, Далас, Бостон, Балтимор и Чикаго. Веќе има и планови за проширување и во други градови. Покрај директно плаќање на корисници Uber има и дополнителен план за заработка. Компанијата ќе се обиде да ги убеди работодавачите за да овозможи овој сервис да биде дел од претходно платените бенефиции за патување на вработените, пренесе Bloomberg.

Photo by Viktor Avdeev on Unsplash

Покрај Route Share, Uber најави и претплата со фиксни цени за одредени рути. Оваа опција ќе им овозможи на корисниците да „заклучат“ цени за до 10 различни рути. Дополнително, ќе има и попусти за однапред платени патувања на фиксни рути. Попустите ќе бидат поголеми за поголем број на купени возења. Услугата ќе биде достапна во неколку градови во САД, но веќе е најавено проширување и надвор. Сервисот ќе биде достапен и во Бразил, но нешто подоцна. Што се однесува до поволностите, претплатата ќе има различни нивоа на попуст. Пет возења ќе бидат поевтини 5%, 10 возење ќе бидат достапни 10% поевтино, 15 за 15% поевтинот, до максимални 20% попуст за 20 возења.

За жал, и покрај сите возбудливи новости, платформата Uber и понатаму не е официјално достапна во Македонија. Сепак, лансирањето на иновативни сервиси како Route Share може да биде интересен показател за идните планови на компанијата и идеја за некој локален сервис. Можеби токму оваа идеја ќе придонесе во иднина да имаме можност да користиме слични опции кои ќе го олеснат и поевтинат секојдневното патување и кај нас.

Покрај „такси превозот“ Uber веќе нуди повеќе  различни услуги, на пример Uber Eats, за достава на храна, Uber Intercity за меѓуградски патувања или Uber Black за луксузни возила. Ова покажува дека компанијата постојано работи на проширување на својата понуда и наоѓа нов начин да дојде до клиенти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk