0 коментари 2 мин. читање 24 август, 2023

Едноставен сајт за правење картички за Бинго

Кога телефоните, лаптопите и конзолите ќе здосадат, можете да се вратите на традиционалните семејни игри и да одиграте БИНГО.

Сајтот кој ви го препорачуваме, ви дозволува на брз и ефикасен начин да спремите за печатење најразлични карти за учесници (околку колку што ви треба), како и сите слики за покажување.

Сајтот ни се допаѓа затоа што ви дозволува да правите картички 3х3, 4х4, 5х5, со броеви или со симпатични слики кои припаѓаат на најразлични теми. Откако ќе го одберете форматот, одете на Next Step – Choose Theme за да изберете тема како Pokemon инспирирано бинго, или пак бинго за облека, Велигден, Нова Година, облици и ред други работи. Штом изберете тема, следниот чекор е да се одлучите дали да се подготват картите за печатење во боја или да се црно-бели, па потоа да изберете дали да се слики или пак да биде мешавина од слики и зборови (како што напоменавме, ваквото нешто има огромна образовна вредност при работа со помладите ученици кои, на пример, учат англиски јазик).

Завршниот допир е да испечатите картичка така што ќе одите на Print a Bingo Card. Од тука, можете да си ја копирате и префрлите картата, а ако кликнете Refresh, ќе добиете нова карта со нови слики.

Print Call Out Sheet ви дозволува да ги подготвите за печатење сите слики од бингото за да подоцна ги искроите и покажувате на учесниците.

Да, поразлично е од игра на телефон, но во вистински услови и со вистински луѓе може да биде ем забавно ем информативно. :)

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top