Страв од AI или страв од сопственото незнаење?

  • „Ќе нè замени AI! “
  • „Да, ако професијата ти е копи-пејст.“

У последно време се почесто слушам вакви или слични изјави, панично трчаат наоколу „Ќе не замени сите“, „ќе пишува сам“, „ќе нема потреба од програмери“… небаре метеор се упатил кон земјата.

Али ок, ајде да ја смириме работата, без хорор сценарија и без анксиозност и панични напади.

Ќе почнам со онаа причата (негде сум ја чул ама ќе ја искористам и тука), не дека е нешто смешна и духовита туку дека е вистинита.

Клиент повикува мајстор да поправи расипана машина.

Мајсторот доаѓа, ја гледа, зема чекан, удира „еднаш“ и оп машината повторно работи.

Наплатува 50е.

Клиентот се буни и вика „за еден удар со чекан ми зема 50е“!

На што мајсторот одговара „не не, за ударот зимам 100ден, за тоа „каде да удрам“ зимам 50е“

Епа така е и со AI. Тој знае да удри ама не знае каде, а уште помалку зошто.

Знае да пишува код, тоа е неоспорно, ама тоа е само врвот на ледениот брег.

Програмирањето не е само „дај ми функција што работи“.

Тоа е анализа, архитектура, разглобување на проблеми, компромиси, инженерски одлуки, грешки…

Тоа е разбирање на контекстот, последиците, целината.

AI може да напише код што се извршува. Ама не знае дали тој код е паметен, одржлив, опасен, скап или само „привремено решение од типот  држи вода додека мајсторите отидат“.

Вистинскиот програмер секогаш го поставува прашањето:

Колку ќе чини ова на долги патеки?

AI не поставува прашања.

Само извршува наредби.

Зошто AI не може да создаде архитектура?

Затоа што архитектура не е рецепт.

Таа е предвидување, вкус, мерка, инстинкт… ма тоа е бре уметност!.

Тоа е моментот кога гледаш два проблема што никој не ги поврзал и ги спојуваш во решение што трае, а не само  да „помине“.

AI најчесто копира веќе видено.

Тоа е како мајстор што знае да имитира, но не и да создаде.

Апстракцијата е човечки занает, не автоматска функција.

А во реалниот свет? Е таму нема одделни фајлови таму има екосистеми.

Во продукција проблемите не се појавуваат во кодот што си го напишал.

Туку таму каде што се среќаваат десет други системи:

  1. бази на податоци
  2. кешови
  3.  редици
  4. микросервиси
  5. load balancers
  6. сервери
  7.  тон сценарија што не постојат во документација

Кога ова ќе падне под товар, не ти треба чеканот, ти треба мозокот.

  • AI не прави дијагноза.
  • Не го чувствува системот.
  • Не знае да се посомнева.

Тоа е разликата.

Мит 1: „ AI ќе ги изедначи сите програмери“

Напротив!

AI е како музички инструмент: кај некој звучи како симфонија, кај друг како алармна сирена.

Искуството е тоа шо одлучува како ќе свириш.

Силните стануваат уште посилни.

Гласните уште погласни.

Слабите, е кај нив е потешко да станат врвни музичари пошто се ослонуваат само на инстументот без да ја разберат нотата.

Мит 2: „Junior-ите ќе исчезнат“

Ова е небулоза.

Junior не се вработува затоа што фирмата има  „лесни задачи“, Туку затоа што бара потенцијал.

Junior не се евтина работна сила, Туку идни инженери.

Со AI ќе напредуваат побрзо ќе имаат повеќе насоки, помалку блокери, побрзо учење.

Но никој паметен тим нема да се откаже од генерацијата што треба да ја наследи следната архитектура, од луѓе кои програмирање учеле на лист хартија и пенкало, од оние кои размислувале со денови како да дојдат до решението, да размислувале, замислите треба да размислувате за да дојдете до решение, решениото не е само  да се смисли prompt, тоа е многу повеќе.

Junior-ите не исчезнуваат, туку само се трансформираат.

Мит 3: „Треба да сменам професија додека не е доцна“

Не, не треба.

Но треба да ја надградиш.

Професијата не умира, таа се развива.

Ќе има повеќе работа во:

  • интеграција на AI
  • моделирање човек-машина процеси
  • проверка на AI резултати
  • создавање системи што се одржливи
  • архитектура што живее со AI, не против него

Рутината ќе ја снема, но креативноста и системското размислување ќе вредат повеќе.

Што вистински се менува?

  • Рутината исчезнува.
  • Работа со AI ќе стане базична програмерска вештина.
  • Вредноста преминува од пишување код -> во разбирање систем.
  • Најсилните ќе станат уште посилни.

AI не ја замнува професијата, само ја бара зрелата верзија од неа.

Поентата на целата прича е дека  не треба да се плашиме од технологијта туку да се прилагодиме и да ја прифатиме, заедно да работиме на нејзин развој, но и да мислиме со главите.

За крај пак ќе се навратам на чеканот:

Чеканот е алат, но може да биде и оружје зависи како ќе се користи…

Поздрав се читаме наскоро имам да си кажам уште многу работи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk