Живееме во дигитално време, поголемиот дел од времето го поминуваме во дигиталниот свет, а се помалку време ни преостанува за во реалниот свет.
Секојдневно се сретнуваме со нови дигитални алатки и решенија, додека софтверските инженери иновираат континуирано. Барем засега, се немавме сретнато со некоја популарна алатка за оптимизација на слободните денови во годината.
Станува збор за дигиталната алатка Stretch My Time Off, чија цел е да одреди кои денови да ги земете за слободни, сѐ со цел тие да бидат најоптимално распределени.
Stretch My Time Off
Алатката функционира прилично едноставно, во горниот дел треба да изберете во која држава живетее, колку слободни денови имате и која е годината за која сакате да ги оптимизирате вашите слободни денови.
Во конкретниот пример, ја одбравме Македонија за држава, 26 слободни денови и годината е 2025.
Во продолжение е најоптималното распоредување на слободните денови за 2025.



Она што паѓа во очи на прв поглед е тоа што нема распределено слободни денови за врме на летниот период, односно во летните месеци. Ретко кој не би сакал да има слободни денови во овој период.
Можеби ова се најоптимално распоредени слободни денови, но многу веројатно е дека на поголемиот дел од луѓето не им би се допаднало да немаат слободен ден во најтоплите три месеци во годината.
Како работи оваа алатка од технички аспект?
Оваа алатка ја одредува вашата држава врз основа на вашата IP адреса, го зема официјалниот број на задолжителни слободни денови од Wikipedia и зема список за одмор за државата која ја имате избрано, во овој случај Македонија.
Алгоритмот дава приоритет прво да ги пополни најкратките празнини, оптимизирајќи ја распределбата на празниците за да ги максимизира последователните периоди на одмор во текот на годината.
Ги пресметува сите одмори од три дена или повеќе, вклучувајќи ги и продолжените викенди создадени од државните празници.
Алатката е изградена со SvelteKit, хостирана е на Vercel со Cloudflare и развиена во едиторот за код Cursor.
Проектот е со отвоврен код и е достапен на Github и е отворен за нови надоградувања. Доколку имате слободно врeме, идеја и желба за да допринесете во овој проект, тоа можете да го сторите.







