Две во едно: Is this Game Trying to Kill Me? или Sol Dorado Heist?

Во оваа прилика би сакале да разгледаме две игри кои неодамна излегоа за бројни платформи. Is this Game Trying to Kill Me? би можела да ви се допадне поради уникатниот escape room концепт, а Sol Dorado Heist поради интригантната приказна поврзана со мистериозен грабеж.

Is this Game Trying to Kill Me?

Is this Game Trying to Kill Me? нуди вознемирувачко искуство кое ефикасно го спојува психолошкиот хорор со сложеното решавање на загатки.

Ова е игра која воведува интересен, свеж концепт каде играте игра во игра, а она што го правите во реалноста има влијание во виртуелната игра. Да објасниме.

Вие сте заробени во изолирана колиба. Доколку сакате да се ослободите од колибата потребно е да играте компјутерска игра, принудувајќи ве ем да ја истражувате физичката средина на колибата, како еден вид escape room, ем да навлегувате во виртуелниот свет на играта. Дејствата преземени во колибата директно влијаат на искуството во виртуелната игра, и обратно – настаните во играта се манифестираат како физички закани во колибата. Ова создава фасцинантен мета-наратив кој ве принудува постојано да ги преиспитувате границите помеѓу реалното и виртуелното.

Константно ќе скокате помеѓу дводимензионални и тродимензионални светови, решавајќи предизвикувачки загатки кои, патем, се одлично разработени, барајќи комбинација на набљудување, логика и подготвеност за истражување на вознемирувачката средина. Многуте завршетоци и бројните потенцијални смртни случаи додаваат слој на повторливост, охрабрувајќи ве да експериментирате со различни избори и пристапи. Во некои ситуации, пријатно се изненадивме од целосно неочекувани скриени замки. Играта има посебен талент да создаде чувство на немир и параноја, што ја прави да е незаборавно искуство за сите љубителите на хорор и загатки. Во ова дефинитивно помага вознемирувачката музичка подлога, како и уникатните графички можности.

По огромниот успех на Steam, Is this Game Trying to Kill Me? Доаѓа и на PlayStation 5, PlayStation 4, Nintendo Switch, Xbox Series X|S, Xbox One и Microsoft Store на 4-ти април, овозможувајќи на поширока публика да го доживее ова уникатно и напнато искуство.

Sol Dorado Heist

Sol Dorado Heist е интригантна визуелна новела која ве вовлекува во заплеткана мистерија за грабеж на казино. Во центарот на приказната е Алекс Торн, жена која се буди со амнезија во непозната соба, а брзо потоа станува главен осомничен во криминална истрага. За да ја расчисти сопствената улога во настаните и да го открие своето минато, Алекс мора да го идентификува мистериозниот криминалец познат како Тихиот Ас и да ја разоткрие неговата поврзаност со грабежот на најголемото казино во градот, Сол Дорадо.

Визуелниот стил на Sol Dorado Heist е несомнено впечатлив, со детални илустрации кои значително придонесуваат за создавање на богата и атмосферска игра. Сепак, постои забележлив контраст помеѓу квалитетот на позадините и околината, и ограниченоста на портретите на ликовите. Иако стилот на цртање е доследен, релативно малиот број на варијации на изрази и пози на ликовите, кои често се повторуваат за време на дијалозите, може да создаде чувство на монотонија.

Оваа повторливост понекогаш доведува до несовпаѓање помеѓу емоциите прикажани на ликовите и тонот на текстот, што може да ја намали имерзијата во приказната. На пример, лик кој е прикажан со драматичен израз, може да изговара реченица со неутрален тон, што создава чувство на дисонанца. Оваа недоследност може да го наруши целокупното искуство и да ја намали емоционалната поврзаност на играчот со ликовите и нарацијата.

Четирите различни завршетоци го поттикнуваат повторното играње, овозможувајќи ви да ги откриете сите тајни и да ја разберете целата вистина за оваа визуелна новела. Ако сте љубител на мистерии и интерактивни приказни, Sol Dorado Heist е дефинитивно игра која вреди да ја пробате.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments