Google и Microsoft претставија интересни алатки со вештачка интелигенција

Без сомневање влезени сме во ера на вештачка интелигенција. Бројот на нови алатки постојано расте, и речиси секој ден се појавува некоја нова алатка. Во релативно кус период Google и Microsoft претставија две кои изгледаат супер интересно. Google NotebookLM и Microsoft Copilot, им помагаат на корисниците за поефикасно организирање, креативна работа и олеснување на сложени задачи. Иако двете алатки се базирани на моќни модели за вештачка интелигенција, имаат различен пристап кон тоа како да им помогнат на корисниците во секојдневната работа.

Google NotebookLM

Google NotebookLM, познат и како „Notebook Language Model“, е AI платформа која им овозможува на корисниците да организираат и истражуваат документи на поедноставен начин. Најголемиот потенцијал на алатката лежи во способноста за анализирање на различни типови содржини, како документи, линкови, текстови и видеа, кои корисниците можат да ги внесат, и потоа да поставуваат прашања во врска со нив.

Google Notebook LM овозможува неколку начини на кој корисниците може да го искористат. Наједноставниот начин е употреба за анализа на документи. Корисниците да поставуваат повеќе документи или линкови и да ги испрашуваат тие извори преку AI-чат интерфејс. Ова е одлично за истражувачи, студенти и професионалци кои имаат потреба од брз и ефикасен начин да добијат информации.

Audio Overviews (Аудио прегледи) е функционалност која им овозможува на корисниците создавање поткасти со помош на вештачка интелигенција од текст документи што ги внесуваат. Форматот е таков што два „AI“-домаќини разговараат за темите и создаваат поткасти во кој „водат разговор“ за одреден материјал. Оваа функција е корисна за луѓе кои сакаат да слушаат резимеа или дискусии за нивните документи додека работат или се движат. Но може да биде и интересен начин за студенти или ученици да научат нешто во движење. Google најави дека за овие поткасти ќе воведе можност за избор на различни „персони“ за AI домаќините во поткастите. Покрај тоа, корисниците ќе може да управуваат и со должината и форматот на аудио епизодите. Ова ќе овозможи поголема контрола врз начинот на кој корисниците креираат аудио содржини, што ја прави платформата уште поинтересна за креативците.

Image courtesy of NotebookLM

Секако прва примена која ни паѓа на памет е користење на алатката како помошник во образовниот процес. Сепак, NotebookLM не е популарен единствено кај студентите, туку и кај професионалците во различни индустрии. Реиза Мартин од Google во интервју за Venture Beat откри дека компаниите го користат за истражување и споделување на податоци. Некои корисници го користат дури и за организација на проекти како што се кампањи за креативно пишување или дизајнирање кампањи за Dungeons & Dragons.

Со интеграцијата со AI моделите на Google како „Gemini 1.5 Pro“ LLM (Language Learning Model), NotebookLM овозможува подобар контекст и анализа на податоци. Благодарение на ова корисниците можат да поставуваат сложени прашања и да добиваат релевантни одговори.

Google NotebookLM има куп начини за користење. Најинтересен ќе биде за оние кои сакаат да ги претворат текстовите во аудио формат. Сепак, иако е супер корисен за корисниците кои сакаат да си олеснат откривање на нови информации, се чини дека ќе биде најупотребуван за креативни и едукативни цели.

Microsoft Copilot

Ниту Microsoft не остана покусо. Компанијата се обидува да го позиционира Copilot како интегрален дел од сите поголеми Microsoft апликации и платформи. Ова треба да овозможи поддршка од вештачка интелигенција директно во секојдневните задачи. Microsoft оваа недела направи надградба на асистентот, со неколку импресивни функционалности. Дел од нив веќе сме ги виделе на пример кај Google Lens, но Copilot е одлична алтернатива.

Copilot Vision му овозможува на Copilot да „чита“ текстови и слики директно од веб-страници и апликации како Microsoft Edge. Оваа функционалност потсетува на Google Lens, која како и Copilot Vison им овозможува на корисниците да поставуваат прашања за сликите или текстовите што ги гледаат на екранот. Ова ги прави двете алатки исклучително корисни за истражување на информации од веб-страници, а изборот за алатка ќе треба да го направи корисникот.

Think Deeper е обид на Microsoft да гo направи Copilot сестран.Функцијата како што навестува и името треба да му овозможи на Copilot да направи подетална и подлабока анализа на комплексни прашања. На пример во случаи како решавање математички проблеми или споредување на различни опции. Ако ова ви изгледа на познат опис, има едноставно објаснување. Copilot го користи „OpenAI o1“ и ова беше истиот опис кој го даде OpenAI кога го претставуваше моделот.

Copilot Voice им овозможува на корисниците да комуницираат со Copilot преку глас. Copilot може да го разбере и тонот на гласот и да одговори соодветно. Со ова алатката овозможува природна комуникација. Voice алатката e погодна за корисници кои се понавикнати на гласовни команди, отколку пишување.

Image courtesy of Microsoft

Ова користење на гласот и анализа на податоци директно од екранот е опасност и за приватноста и безбедноста на корисниците. Microsoft потенцира дека податоците кои се обработуваат ниту се задржуваат, ниту се користат за дополнително тренирање на моделите за вештачка интелигенција.

Microsoft Copilot има и опции за персонализација. Со нив корисниците можат да ги прилагодат одговорите и препораките врз основа на нивната историја на користење на Microsoft апликациите. Ова дополнително треба да го подобри корисничкото искуство. Aлатката ќе може да понуди специфични решенија според личните потреби на корисниците.

За жал, нити NotebookLM, ниту надградбата на Copilot не се достапни во Македонија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Петар
Петар
1 year ago

Последнава реченица ме издиши 😏