Нема недостаток на одлични книги за читање, особено кога се работи за усовршување на личен и професионален план. Но, многумина читатели или имаат проблеми со концентрација или пак со подобро помнење на прочитаното.
Notion Book Essence Extractor е алатка која е замислена да ви помогне и за двете работи, односно ем да ве мотивира повнимателно да читате, ем подобро да запомните.
Имено, преку алатката можете да управувате со целата ваша колекција од книги и да имате добар увид во тоа што сте прочитале, што моментно читате, а на што допрва ќе го посветите вашето време. Најдоброто од се е што имате на располагање урнек за таканареченото прогресивно сумирање – корисна техника за земање забелешки за време и по читањето, нешто што може да ви помогне правилно да си ги средите вашите импресии и подобро да ги заполните важните работи.

Иако Notion Book Essence Extractor е корисна алатка за прочистување и извлекување на најважните работи, сепак вие сте тие што треба да ги направите дополнителните чекори кои се бараат од техниката. Токму поради ова, се чини дека алатката помалку се препорачува на оние што читаат слободни жанрови, а повеќе за оние што студираат и бараат поефикасна контрола врз нивното академско образование.