Серијалот Neptunia постои со години. Шареноликата графика, невообичаената приказна и симпатичните ликови успеаја да привлечат легија од фанови кои со нетрпение го очекуваат секој нареден продолжеток.

Neptunia Game Maker R:Evolution е игра од која многу се очекуваше, особено поради најавата дека приказната ќе се одвива во алтернативен универзум. Во R:Evolution, Нептун станува извршен директор и претседател на компанија за правење видео игри и има за задача да го направи следниот голем хит во гејмерската индустрија.
Кралот на сите игри
Во сржтта, Neptunia Game Maker R:Evolution е визуелен роман. Тоа значи дека имате многу за читање. Во некои ситуации, на ликовите им се позајмуваат гласови од талентирани актери, со што имерзивноста е на значително повисоко ниво.
Во други ситуации, оставени сте на линии и линии текст кои сувопарно се сервираат врз релативно статични слики. Иако ја цениме посветата на детали во поглед на пишаниот збор, многу дијалози се чинат на моменти непотребно развлечени, па дури и здодевни.

Доколку не сте емоционално врзани со целиот серијал и со ликовите, големи се шансите дека нема да може лесно да се справите со навидум бесконечната промена на слајдови.
Но, Neptunia Game Maker R:Evolution е многу повеќе од едноставен визуелен роман и дополнително се расчленува во два поджанрови.

Од една страна имате бројни акциони JRPG dungeon crawling ситуации каде вие и вашиот тим водите динамични битки, користите различни оружја, способности и комбо движења.
Ваквите авантуристички ситуации ве наградуваат со клучни ресурси кои подоцна ги користите за проширување и надградба на вашата компанија.

За пофалба се бројните акциони движења, особено начинот на кој четирите ликови соработуваат меѓусебно за поексплозивни комнинации. Но, не и едноставниот дизајн на мапите, како и ограничувањето од 30 фрејмови во секунда.
Надвор од битките, ќе биде потребно да одберете на каква игра ќе работите, како ќе ги инвестирате средствата, и какви понатамошни предности ќе отклучувате преку соодветните дрвја со вештини.

Моментно, Neptunia Game Maker R:Evolution е излезена за Switch, PS4 and PS5. Доколку со години го следите серијалот и барете повеќе од истиот препознатлив хумор и акциони секвенци, тогаш играта на Idea Factory би можела да пружи денови интересна забава.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Idea Factory
- Издава: Idea Factory
- Жанр: визуелен роман/ акција/ симулација
- Платформа: Switch, PS4 and PS5
- Излезе на: 14 мај 2024







