Во случај да сте често дел од онлајн состаноци тогаш знаете колку деконцентрира бучавата која се слуша во позадина, независно од тоа дали се работи за детенце кое вреска, работа на бучен апарат или звуци од милениче.
Кrisp.ai е алатка која може да ви помогне да бидете прикажани како професионален учесник на состанокот. Користејќи вештачка интелигенција, krisp.ai користи напредни алгоритми за да елиминира гласови и звуци кои се во позадина. Алатката врши одлична работа не само во елиминирање, односно потиснување на звуците кои доаѓаат од вас, туку и надворешните звуци кои доаѓаат од останатите учесници во состанокот.
Krisp се интегрира и може да се користи независно од вашата платформа за онлајн состанокот и нема да наидете на потешкотии при работа со Google Meet, Zoom, Skype, Microsoft Teams и други. Преку веб сајтот можете да слушнете како звучи кога имаме надворешна бука од различни извори со или без влијание од krisp.ai.







