Хардвер од минатата недела: нов M4 процесор, AMD ги најави RDNA 4 графичките картички

во Хардвер

Најголем дел од хардвер вестите од минатата недела доаѓаат благодарение на Apple кој ни претстави нов процесор и нови iMac и mini компјутери. Sony повторно ќе ги разочара фановите, а гејминг ентузијастите ќе треба да почекаат до почетокот на 2025 година за новите графички картички од AMD.

Лаптоп или рачна конзола – GPD Win Max 2

Иако GPD Win Max 2 не е нов лаптоп, благодарение на видео прегледот на Verge, уредот беше супер популарен минатата недела. GPD Win Max 2 е 2-во-1 хибрид, но за разлика од оние на кои сме навикнати (лаптоп и таблет) овој пат имаме мини лаптоп и рачна конзола.

Доаѓа со 10,1-инчен дисплеј; Ryzen 7 8840U или Ryzen 5 8640U процесор; 64GB, 32GB или 16GB RAM. За дискот има две опции 1TB или 2TB NVMe SSD.

Она што е најинтересно не е стандардниот хардвер. Лаптопот доаѓа со скриен контролер кој го претвора во вистинска конкуренција на Steam Deck или на Lenovo Legion GO. Сепак, за да биде вистински конкурент на Steam Deck најголема пречка е цената. GPD Win Max моделот со AMD Ryzen 7 7840U, 32GB и 2TB SSD чини 1200 долари, што е значително повеќе од Steam Deck.

Apple го доби спорот со Masimo и доби 250 долари отштета

Apple ја доби тужбата за нарушување на патенти против производителот на медицински уреди, Masimo. Masimo прекршил неколку патенти на Apple, а како дел од пресудата, Apple доби симболичен надоместок од 250 долари. Иако сумата е минимална, сепак тоа е сумата која и тужителот ја побарал од судот.

Masimo прекршил еден од патентите на Apple преку своите паметни часовници W1 и Freedom, како и здравствениот модул. Производителот со полначот прекршил друг патент. Поротата утврдила дека прекршувањето од страна на Masimo било намерно.

Оваа година Apple престана да ги продава Apple Watch Series 9 и Ultra 2 со функција за мерење на кислород во крвта во САД, откако Меѓународната трговска комисија (ITC) утврди дека Apple ги прекршил патентите на Masimo за пулсна оксиметрија. Ново-лансираниот Apple Watch Series 10 доаѓа без овие функции.

Apple го претстави новиот iMac со M4-чип

Оваа недела Apple ги претстави новите iMac компјутери кои доаѓаат со новиот M4-чип. Новиот надграден чип доаѓа со 10-јадрен CPU и 10-јадрен GPU. Според  Apple ова овозможува до 1,7 пати подобри перформанси за секојдневни задачи, и до 2,1 пати поголема брзина за посложени задачи како уредување на фотографии и игри, во споредба со постариот модел M1.

Новиот процесор не е единствена надградба која ќе биде достапна на новиот iMac.  Основниот модел сега доаѓа со 16GB RAM меморија наместо 8GB, со можност за проширување до 32GB. Уредот ќе може да се надгради и со 2TB SSD.  Новиот iMac доаѓа со „nano-texture“ дисплеј, кој го намалува отсјајот на екранот. USB-C портите на задниот дел од компјутерот сега поддржуваат Thunderbolt 4, што обезбедува побрз пренос на податоци.

Подобрена е и предната камера. Новата 12-мегапикселна камера вклучува Center Stage, функционалност која го фокусира лицето во центарот, дури и ако се движи. Новата Desk View опција истовремено го прикажува лицето на корисникот и она што се случува на работната маса

Apple ги надгради и додатоците. Magic Mouse, Keyboard и Trackpad сега имаат USB-C порти за полнење за полесна поврзаност. Новиот iMac е веќе достапен за нарачка, со цена од 1,299 американски долари. Во продажба пристига на 8 ноември.

Apple го претстави M4

Оваа недела Apple го претстави најновиот M4 Pro чип. Според компанијата тој ќе донесе значајни подобрувања во брзината, ефикасноста и поврзаноста во споредба со M3-чипот. М4 е изработен со втора генерација 3-нанометарска технологија. Pro верзијата доаѓа со 14 јадра (10 за перформанси и 4 за ефикасност) и GPU со 20 јадра. Ова значително ги подобрува брзината и ефикасноста. Надградбата е добредојдена за сите потенцијални корисници, и за креативните професионалци и за оние кои размислуваат да го користат за гејминг.

Сепак гејмингот не е фокус на Apple. Чипот доаѓа и со подобрен Neural Engine. Сега тој е двапати побрз од претходната генерација. Благодарение на новиот Neural Engine, Mac компјутерите подобро ќе ракуваат со задачи поврзани со вештачка интелигенција и машинско учење. Ова е одлична надградба, која доаѓа во вистинско време за новите Apple Intelligence функции.

M4 Pro е првиот процесор на Apple Silicon со Thunderbolt 5, кој овозможува пренос на податоци до 273 GB/s. Ова е повеќе од два пати побрзо од претходната генерација. Pro верзијата ќе доаѓа на Mac Mini има пет Thunderbolt 5 порти. За жал стандардниот M4 модел останува со Thunderbolt 4.

Новиот чип ќе биде достапен на Mac Mini. Цената на основниот Mac Mini модел со M4 е 599 американски долари, а надградената Pro верзија чини 1,399 американски долари. Претпродажбата започна оваа недела, а испораките се очекуваат на 8 ноември.

Play Station 5 Pro со ново разочарување: На новата конзола нема да пасуваат старите плочи

Ако сте еден од оние кои планираат да ја заменат својата Play Station 5 конзола со нова, Play Station 5 Pro конзола, ама ви се допаѓаат страничните украсни плочи/капаци кои ги имате, имаме лоши вести. Новата конзола доаѓа со нови странични капаци. Да биде разочарувањето поголемо, украсните плочи се со иста големина, но „запчињата“ кои ги фиксираат капаците се на малку поразлично место. Поради ова горниот дел не може да се поврзе.

Ако сакате да ја украсите конзолата, за новата конзола ќе бидат достапни нови капаци. За жал ако продолжи трендот, без сомневање нивната цена ќе биде повисока.

Разочарувањето можеби немаше да биде толку големо, ако конзолата не чинеше барем 700 евра, со куп дополнителни „додатоци “ кои ја качуваат цената. Конзолата официјално излегува во продажба на 7 ноември.

Нова генерација на графички картички од AMD во 2025

AMD наскоро ќе ја претстави следна генерација на графички картички базирани на архитектурата RDNA 4, планирани за почетокот на 2025 година. Според извршната директорка Лиза Су, новите графички процесори значително ќе ги подобрат гејминг перформансите, особено во ray-tracing, и ќе понудат нови AI функционалности. Оваа надградба доаѓа како дел од стратегијата на AMD за враќање на пазарот и подобрување на гејминг искуството на корисниците.

Очекувањата се дека првите графички карти од RDNA 4 серијата ќе донесат средни перформанси со цена која ќе биде достапна за повеќе купувачи. Во меѓувреме, приходите од гејминг секторот на AMD забележаа пад од 69 проценти на годишно ниво, што е уште еден знак дека претстојната надградба е клучна за ревитализација на оваа линија производи и повторно позиционирање на пазарот, пишува Engadget.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk