0 коментари 2 мин. читање 17 мај, 2022

Намалете ја големината на сликите со Shrink.media

За повеќето корисници, просторот за дигитални фајлови не претставува пречка, но капка по капка знае да направи вир, особено кога се работи за складирање или, уште поважно, споделување фотографии.

Shrink.media е веб сајт кој ви дозволува да ја намалите големината на сликите преку имплементирање паметни методи на компресија и намалување димензии. На овој начин, побрзо и полесно ќе можете да споделувате фотографии, а доколку пак поставувате фотографии на вашиот веб сајт, тогаш вчитувањето ќе биде значително побрзо за посетителите.

Откако ќе го посетите Shrink.media, вметнете фотографија, која може да е во форматите, png, jpeg, jpg, или webp, и преку лизгачот Photo Quality подесете го квалитетот на сликата, а преку лизгачот Photo Dimentions, одредете ги димензиите. Под лизгачите имате пример за тоа како изгледа фотографијата, заедно со релавантни податоци за пред и после ефектите и колку се намалува големината, а со тоа и резолуцијата на сликата. Со кликнување на копчето Download, ја преземате сликата.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top