0 коментари 5 мин. читање 3 октомври, 2024

3 викенд гејминг предлози

За подобар психолошки ефект и проширување на интелектуалните капацитети, се препорачува често читање книги. Од таа причина би можеле викендов да навлезете во најновите дела на вашите омилени писатели, или пак да започнете игра со километри и километри текст. За овој викенд, успеавме да ископаме две интересни наративни игри, како и една солидна акција во форма на демо.

Изберете ја вашата авантура со Choice of Life: Wild Islands

Порано беа много популарни книгите во стилот Choose Your Own Adventure каде низ читањето скокате од една кон друга страна, во зависност од одлуките кои ги донесувате. Овој жанр релативно успешно се применува и во најразлични игри, а Choice of Life: Wild Islands никако не е исклучок. Се работи за интересна визуелна новела каде ќе навлезете во неверојатна авантура полна со бројни неочекувани пресврти.

Константно скокање од лоша во полоша ситуација

Наспроти филмскиот трејлер, приказната во Choice of Life: Wild Islands се раскажува преку едноставни, но солидно разработени цртежи. Бројни ситуации се редат една по друга, барајќи од вас да размислувате за тоа која би била најдобрата одлука, а и да имате среќа. Со оглед на тоа да константно донесувате одлуки, многу последици ќе ви се чинат неочекувани. Откако ќе ги донесете и ќе се соочите со резултатот, имате објаснување за тоа зошто се случило таквото нешто.

Играјќи со морнар кој ќе заврши на остров по низа несреќни ситуации, ќе имате за задача да го истражувате островор, да собирате и штедите намирници, да се борите со опасни животни или пак да пробате да ги скротите. Целта е да го извлечете најдоброто од ситуацијата и да изградите нов дом. Во случај да направите критична грешка, играта инстантно ве враќа неколку чекори назад и ви дозволува да направите друга одлука.

Повеќе детали за играта

Стотици одлуки и десетици различни краеви со Cryspace

Од Jimmy Diamond, студиото кое претходно работеше на бесплатната Surreal Experience, доаѓа комплексен визуелен роман кој ќе ви дозволи да водите комплексни животи преку социјални мрежи, бесплатно.

CrySpace е социјална мрежа на преку која градите пријателства и навлегувате во најразлични сплетки. Дијалозите се интересно осмислени и често бараат од вас да размислувате пред да кажете или направите нешто. Иако се работи за игра во раниот пристап на Steam, голем дел од приказната е детално разработен, со значајни одлуки кои носат различни последици.

CrySpace се рекламира како бесплатна игра, но тоа е делумно точно. Како бесплатен играч, ќе можете да поминете низ само дел од романот, односно низ првите два дејта кои се со времетраење од еден час. Доколку сте задоволни од искуството, можете да ја отклучите целата верзија за 700 денари. Во тоа цена се вклучени и сите идни приказни кои ќе се надоврзуваат на искуството.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: JIMMY DIAMOND
  • Издава: JIMMY DIAMOND
  • Жанр: визуелен роман
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 1 октомври 2024

Royal Revolt Warriors е roguelike со bullet hell механики

После толку читање со претходните две игри, не е лошо и малку да се релаксирате со откачена акциона игра која има модерна графика, а се чини инспирирана од Vampire Survivors.

Играта на Upright Games сеуште не е излезена, но има солидно демо кое точно ќе ви покаже дали е ова за вас, или не. Сами или со уште тројца други пријатели ќе можете да се соочите со бранови и бранови непријатели. За време на рановите, ќе имате и одредени квестови за решавање. Како поменува времето, така ќе расте предизвикот. За да можете да излезете на крај со уникатните непријатели ќе имате на располагање најразлични способности.

Секој од непријателите е внимателно осмислен и има различни офанзивни механики. За краткото време што го поминавме со играта бевме особено импресионирани од бројните босови, од преубавата шарена графика, разиграни анимации, импресивни визуелени ефекти и пријатна музичка подлога. Нема сомневање, Royal Revolt Warriors брзо ќе најде голема публика.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Upright Games
  • ИздаваUpright Games
  • Жанр: roguelike
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: достапно демо
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}