Lifeless Moon излезе и за PlayStation 4/5

За sci-fi фанови кои не се плашат од длабока мистериозна приказна и загатка – две, Lifeless е впечатлива дестинација. Во 2014 година, Lifeless Planet ги импресионира гејмерите со уникатна sci-fi атмосфера и предизвикувачки терен за платформирање. Оваа игра ужива во статусот на култна игра точно цела деценија, нешто што беше дополнително потврдено од продолжетокот од 2023 година – Lifeless Moon. Со само 165 рецензии на Steam, меѓутоа, од кои 80% се позитивни, продолжетокот не успеа да го генерира истиот интерес како оригиналната игра од серијалот. Претпоставуваме дека токму поради тоа, развојното студио Stage 2 Studios реши да ја префрли играта и на конзолата на Sony, надевајќи се дека публиката од таму ќе и пружи поразлично добредојде.

Кратко, но слатко задоволство

Lifeless Moon никако не го злоупотребува вашето добредојде. Доаѓа тивко и како срамежлив, но харизматичен гостин, ве полни со емоции само за да си отиде во најдобрите моменти од вашето заедничко дружење. Lifeless Moon е три-часовна игра. Но, тие три часа се полни со впечатливи моменти, незаборавна приказна и серија од загатки испреплетени со необјаснива технологија која, на моменти, се граничи со паранормалното.

Дејството во играта се „врти“ околу мисија на месечината од 70-те години на минатиот век. Иако успешно ќе слетате со вашиот пертнер на месечината, за брзо време ќе забележите како работите се вознемирувачко проблематични, особено откако вашиот партнер ќе исчезне, а чудни работи ќе почнат да се случуваат околу вас. Можеби се работи за sci-fi игра, но во сржтта на приказната ќе наидете на емоционални приказни за вашите лични неуспеси, детска драма и минати случки кои оставиле длабоки белези врз вашата психа.

Безживотно движење

Lifeless Moon се труди да биде платформер, но поради трапавите и ограничувачки движења, не сме сигурни колку успева во таквата мисија. Често може да се случи да бидете исфрустрирани од скромниот спектар на движењата на главниот лик, што, во комбинација со невидливите ѕидови, знае да биде проблем кај една игра која тежнее да понуди максимална имерзивност. Дополнително, графиката знае да изгледа крајно импресивно во едни моменти, а да е како од PS1 добата во други. Поради ова, најголемата сила на Lifeless Moon останува да е во приказната, загатките и музичката подлога.

Играта е во трето лице, но, во одредени моменти, ќе можете да истражувате работи и да решавате загатки во прво лице. Ова дава интересна свежина и ги размрдува работите во вистински правец. Иако имате ограничувачка слобода во движењето и, на моменти, застарена графика, Lifeless Moon сепак се истакнува како креативно остварување полно со впечатливи моменти. Топла препорака за едно топло попладне.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Stage 2 Studios
  • ИздаваSerenity Forge
  • Жанр: истражување, платформер
  • Платформа: Microsoft Windows, PlayStation
  • Излезе на: 10 август 2023, 9 јуни за PS

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk