MARVEL Cosmic Invasion: Ретро акција со модерен космички сјај

во гејминг

По огромниот успех на Teenage Mutant Ninja Turtles: Shredder’s Revenge, дуото Tribute Games и Dotemu повторно ги здружуваат силите, овој пат во соработка со Marvel Games, за да ни донесат ново аркадно лудило. MARVEL Cosmic Invasion е класична beat ‘em up игра која ја црпи инспирацијата од златната ера на флиперите, модернизирајќи ја, притоа, формулата со свежи механики и огромен избор на ликови.

Приказната во MARVEL Cosmic Invasion ве води низ вселенска битка против смртоносниот Annihilus и неговиот Annihilation Wave, протегајќи се од улиците на Њујорк па сè до длабочините на негативната зона.

MARVEL Cosmic Invasion се одликува со квалитетни и динамични механики, нешто што се должи преку иновативниот систем Cosmic Swap. Имено, механиката ви овозможува да изберете два херои за секое ниво и да ги менувате среде борба, создавајќи уникатни комбинации и тактички предности.

Изборот на ликови е импресивен и брои 15 херои, вклучувајќи ги фаворитите како Spider-Man, Wolverine и Captain America, но и космички херои како Nova, Phyla-Vell, Silver Surfer и Cosmic Ghost Rider. Секој лик носи свој специфичен стил на борба, овозможувајќи експериментирање и пронаоѓање на совршениот тимски пар. Исклучително забавно е да се открива кој-како функционира и какви заеднички комбинации може да се имплементираат врз најразличните непријатели кои, патем, се креативно осмислени и се одликуваат со уникатни движења и напади.

MARVEL Cosmic Invasion користи прекрасна пикселна уметност која е истовремено носталгична и полна со модерни детали. Боите се живи, а анимациите флуидни, што совршено се вклопува во хаотичната акција на екранот. Звучниот дизајн ја надополнува атмосферата со енергични мелодии кои потсетуваат на класичните аркадни хитови, правејќи ја секоја борба празник за сетилата.

Мора да се потенцира, а и да се охрабри користењето на поддршката за локално и онлајн играње за до четири играчи. Drop-in/drop-out системот ја прави играта исклучително пристапна за забава со пријателите. Соло искуството е неверојатно забавно, но, во комбинација со вашите пријатели MARVEL Cosmic Invasion е на едно целосно, значително поимпресивно ниво. Кога ќе се растрчаат хероите на сите страни и кога ќе започнат со хаотично имплементирање способности, тогаш, всушност, стапува вистински празник за сетилата.

MARVEL Cosmic Invasion е, без сомневање, задолжителен наслов за љубителите на жанрот и фановите на Marvel универзумот. Богатиот избор на херои, во комбинација со длабокиот, но пристапен систем на борба и прекрасната ретро естетика, прекрасно го доловува духот на класичните стрипови, преточувајќи го во модерна и крајно заразна забава.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments