Што се крие зад љубовта на младите Русинки кон Кина?

Неодамнешните онлајн трендови во Кина покажуваат кратките видеа од странци кои прикажуваат огромен восхит кон Кина. Овие видеа прикажуваат млади Русинки, најчесто со имињата Наташа и Софија, кои течно зборуваат мандарински и ја фалат кинеската култура.

Додека го прават тоа, тие ги критикуваат руските мажи како „пијани и мрзливи“. Жените го слават општествениот и технолошкиот напредок на Кина и изразуваат претпочитање за традиционални домашни улоги – како готвење и одгледување деца – во брак со Кинез.

Photo by Chris Nagahama on Unsplash

Во текот на изминатата година, кинеските сајбер активности се интензивираа, насочени кон глобалните сили како САД и Индија. Ова ја одразува стратешката експанзија на сајбер операциите за влијание врз изборите и политичките процеси во овие земји.

Се чини дека целта на овие операции е собирање разузнавачки информации и дестабилизирање на критичната инфраструктура.

Пред изборите во САД и Индија, кинеските кампањи со влијание ја искористија генеративната вештачка интелигенција за да создадат лажни вести и штетни содржини насочени кон политички личности и чувствителни теми. Слични тактики беа користени на изборите во Тајван за да го поколебаат јавното мислење.

Извештајот на Microsoft ја нагласува употребата на медиумите генерирани од вештачка интелигенција од овие кампањи за засилување на стратешките наративи, создавање видеа, мемиња и аудио кои ги искористуваат чувствителните прашања, поттикнувајќи ги поделбите на глобално ниво и во азиско-пацифичкиот регион.

Пропаганда на вештачката интелигенција: Нова алатка во геополитиката

Кина користи вештачка интелигенција за производство на мултимедијална пропаганда, како што истакна Ал Џезира. Серијата „A Fractured America“ од CGTN користи видеа генерирани од вештачка интелигенција за да ги критикува американските прашања како економската нееднаквост и социјалните немири, прикажувајќи ја нацијата како во опаѓање.

Наспроти позадината на претчувствителни сцени, серијата е дизајнирана да ја поколеба перцепцијата на јавноста. Експертот за вештачка интелигенција Хенри Ајдер вели дека ефикасноста на вештачката интелигенција овозможува брзо и влијателно производство на пропаганда.

Нов руско-кинески deepfake пример

Војната во Украина ги драстично ги промени глобалните односи на Русија, со забележителни промени во поврзаноста со Кина. Токму Кина стана клучен купувач на руска нафта поради западните санкции. Првата посета на претседателот Путин во странство по неговиот петти мандат беше во Кина.

Вештачката интелигенција воведе нова динамика, со видеа кои циркулираат на интернет кои апелираат до националистички чувства. Овие видеа прикажуваат млади Русинки, како што е примерот со Наташа и Софија, кои зборуваат течно мандарински, ги критикуваат руските мажи и изразуваат восхит од кинеската култура и желба да се омажат за Кинези, пишува ремномираниот Economist.

Photo credits: Freepik

Овие лажни видеа се создадени со помош на достапните алатки за вештачка интелигенција. Тие манипулираат со реални снимки со синхронизација и монтажа за да се задоволат фантазиите на кинеските млади момчиња.

Олга Лојек, украинска студентка во САД, била згрозена кога дознала дека токму нејзиниот лик бил користен во едно вакво видео, зборувајќи кинески со Кремљ во позадина. И случајот со Олга е само еден од многуте. Потоа, овие видеа, кои добиваат стотици илјади прегледи, се споделуваат на социјалните мрежи за да промовираат производи или да го подобрат имиџот на Кина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments