0 коментари 2 мин. читање 3 февруари, 2022

Паметно уредување видеа со Smart Cut

За уредување видеа постојат најразлични апликации, но SmartCut, како што ѝ кажува името, првенствено е апликација за автоматско отстранување на деловите во видеото каде што има тишина. Ова е одлично само за оние видео материјали кои се целосно фокусираат на зборување и каде потребата е да се елиминира непотребната и понекогаш долга тишина помеѓу сегментите.

Голем број уредувачи на видеа, бараат од вас постојано и рачно кликнување, одбележување и кратење на видео материјалот, но со SmartCut таквиот процес е автоматизиран и доаѓате до финалниот резултат без да правите рачни нагодувања. Нормално, доколку сакате може фино да ги прилагодувате тишините преку соодветни лизгачи.

Тишината се детектира и отстрануваат користејќи вештачка интелигенција, а за да пристапите до алатката нема потреба од преземање апликации. Се работи за веб алатка која е дел од Kapwing online editor. Но, Smart Cut не е само за автоматизирано отстранување вакви сегменти. Преку онлајн алатката која, патем, е бесплатна и лишена од какви било реклами или водени жигови, можете да ги правите и следниве работи:

  • Автоматско создавање титлови
  • Вметнување текст во видео
  • Вметнување слики и gif-ови во видео
  • Вметнување музика и звучни ефекти

Процесот е едноставен и лесно можете да дојдете до значително поквалитетно видео, особено доколку сте се решиле да создавате најразлични видео содржини онлајн.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top