Dreams of Another: создавање преку уништување

во гејминг

Dreams of Another се наметнува како длабоко филозофско и уметничко дело, создадено од реномираното јапонско студио Q-Games, познато иновативни наслови како The Tomorrow Children и серијалот PixelJunk. Како авантуристичка акциона игра од трето лице, нема да наидете на конвенционалниот пристап на пукање. Овде, како што велат и самите автори, „Нема создавање без уништување“. Па така, наместо куршумите да уништуваат, тие го градат и материјализираат светот, трансформирајќи го секој истрел како четка врз дигитално платно.

Лично обликување

Во Dreams of Another вие сте во свет што на почетокот е празен, речиси непостоечки. Со секој истрел од оружјето, околината почнува да се формира. Таму каде што би очекувале експлозија или уништување, се појавуваат дрвја, згради, патеки и најразлични објекти. Овој пристап на „конструктивно пукање“, целосно го менува начинот на кој размислувате за интеракцијата со околината.

Истражувањето не е пасивно откривање на веќе постоечки свет, туку активен процес на негово создавање. Преку забавно експериментирање и уникатно создавање на околината околу вас, се создава уникатно чувство на откритие и креативност. Во Dreams of Another, нема потреба од брзи рефлекси и прецизно нишанење кон непријатели; наградата доаѓа само од желбата да ја негувате вашата љубопитна природа и желбата за откривање на скриените можности што ги нуди светот.

Благодарение на користењето на напредната технологија за рендерирање со таканаречениот point cloud, не се користат полигони за создавање на цврсти објекти, туку светот се прикажува како огромна колекција од милиони ситни точки светлина. Резултатот е неверојатно флуиден, речиси нереален визуелен стил кој совршено ја доловува атмосферата на сон. Светот изгледа минлив и променлив, како да може да се распадне во секој момент. Уметничката визија, под водство на мултимедијалниот уметник Бајон, кој стои и зад визуелно впечатливиот PixelJunk Eden, создава поетска и меланхолична атмосфера која е придружена со експерименталната и емотивна музика, компонирана, исто така, од самиот.

Приказната се развива преку патувањата на две мистериозни фигури. Од една страна, го имате човекот во пижами, а, од друга, војникот скитник. Нивните животни искуства, спомени и соништа константно се испреплетуваат, а ваша задача е полека да ги составувате деловите од сложувалката преку интеракција со бизарни ликови и предмети кои имаат сопствена свест. Овие разговори често се исполнети со хумор и филозофски размислувања за човечкото општество, природата на реалноста и смислата на постоењето. Слушањето на перспективата на еден обичен, секојдневен предмет може да понуди изненадувачки длабоки и провокативни увиди. Наместо класична приказна со јасен почеток и крај, играта нуди поетско и апстрактно патување кое одлично се вклопува со неконвенционалнит гејмплеј механики.

Доколку сте уморни од бескрајните акциони продолженија и барате нешто што ќе ве вовлече во уникатен свет, Dreams of Another е суштинско патување во срцето на имагинацијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments