Вчера, споменавме одлична веб дестинација преку која добивате пристап до бројни онлајн алатки за брзо и ефикасно уредување документи, фотографии и видеа.
Денеска, одиме чекор напред и ве запознаваме со веб сајт кој содржи над 350 open source апликации кои се истакнуваат како корисни и, пред се, бесплатни софтверски решенија.
Open Source Alternative To е веб сајт кој ви сервира open source апликации за најразлични намени. Па така, инстатно може да дознаете дека Godot е интересна алтернатива на Unreal Engine, односно Unity3D. Понатаму, откривме дека Rocket.Chat е супер алтернатива на Microsoft Teams, Slack, и Discord, додека Wekan е, пак, алтернатива на Trello!

Штом кликнете на некоја апликација добивате подетални информации за истата. Со кликнување на соодветните икони во десниот горен агол од описот, се препратувате до официјалните сајтови, од каде можете дополнително да се информирате за апликацијата, или да си ја преземете.
Која е вашата омилена алтернатива која ја откривте преку сајтот?







