Six Days in Fallujah стана уште подобaр тактички шутер

во гејминг

Six Days in Fallujah e тактички шутер во прво лице. Играта излезе пред половина година, како дел од раниот пристап на Steam. За брзо време, чедото на Highwire Games и Victura ги импресионира гејмерските ветерани со мисии кои се засновани на вистински случки, барајќи да користите автентични тактики за извлекување победа врз непријателот.

Реалистично лудило

Six Days in Fallujah е игра која се гордее на фактот дека многу механики се засновани на реалистични ситуации. За да се понуди што е можно поавтентично искуство, тимот тесно соработува со десетици маринци и војници. Богатото искуство на овие ветерани се користи за да се дизајнираат мапите, обликува приказната и усовршат тактиките. Ова станува јасно уште во првите моменти поминати во играта. Многумина гејмери се крајно импресионирани од тежината при користењето на оружјата и од бројните модерни тактики кои се користат во истражување на теренот.

Сега-за-сега, во Six Days in Fallujah можете да навлезете во 2 кампањи и 8 процедурални мисии. Кампањите поврзани со почетоците на ISIS се раздлабочени со снимки од настани кои навистина се случиле, како и со интервјуа од вистински сведоци, давајќи застрашувачка димензија на она што треба да го правите.

Во мисиите навлегувате со уште три други вистински лица, со што строго се охрабрува тесна и константна соработка. Секое преигрување на мисиите се одликува со процедурално генерирање на зградите, предметите кои ги има низ нив, замките и непријателите.

Со тоа што никогаш не знаете каде и каква е концентрацијата на непријателите и каква е поставеноста на елементите, постојано сте во една тензична неизвесност каде единствена сигурна работа е близината и вербата во вашите сопатници. Непријателите, кои се контролирани од вештачката интелигенција, може да се каде било.

Преку имплементирање паметни тактитки, може да ве следат или пак да ве чекаат во заседа. За правилно соочување со нив, имате на располагање најразлични модерни оружја и алатки, како и тактичка ориентација низ околината, со флуидно скокање или криење зад препреки, внимателно нишанење, закривување на телото, и слично.

Во случај да немате тројца пријатели за играње низ мисиите, Six Days in Fallujah од неодамна ви дозволува вашите сопатници да бидат управувани од вештачката интелигенција.

Вештачката интелигенција кај сопатниците нема премногу да ве импресионира, но е доволно солидна за да не мислите дека само вие го влечете целиот товар. На моменти се однесуваат како вистински професиналци, а на моменти немаат никаков проблем да се губат во една точка во простор и да не мрдаат подолг период.

Од друга страна, се што ќе им наредите ќе го завршат ефикасно. Можете да им наредите да ги поттиснуваат непријателите додека вие се прикрадувате од страна, може да им наредите да постават и активираат експлозив, да разбијат врата, да ослободат заложници и слично. Ова се едноставни команди, но допринесуваат до позабавно самостојно искуство.

За пофалба е и отворениот, нелинеарен дизајн на мапите, давајќи ви бројни можности за пристап од најразлични места како качување на кровови, провлекување низ прозорци, поставување заседа на балкони, и слично. Иако ни е мило што играта може да се игра со ВИ управувани сопатници, Six Days in Fallujah и понатаму останува игра во која максималната забава се извлекува од играњето со вистински лица и тактичко договарање во реално време.

Команда и контрола

Иако е во раниот пристап на Steam, Six Days in Fallujah веќе е феноменална игра која има многу да понуди, особено доколку сте фанови на тактички шутер игри. Неодамна излезеното Command and Control надополнување се одликува со над 1000 промени и исправки на багови, допринесувајќи до попријатно искуство за време на мисиите. Паралелно со ова, заинтересираните ќе може да навлезат во нови мисии и значително подобрено графичко опкружување. Информирајте се за сите промени тука!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Highwire Games
  • Издава: Victura
  • Жанр: тактички шутер
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезена на: 22 јуни 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments