Android 4.1 Jellybean за развивачите на апликации – Што е ново?

Google вчера ја претстави својата најнова верзија на својот мобилен оперативен систем – Android 4.1 Jelly Bean и веќе можевте да прочитате што таа ни нуди. Но, една платформа е ништо без армија на развивачи и API-ја кое ќе им овозможи на развивачите да ја користат платформата за своите продукти.

Утрово, Анагана Гош, продукт менаџер за Android мго претстави новото API кое вклучува:

  • Проширени нотификации – Во Android 4.1 апликациите ќе може да прикажуваат подетални известувања на корисниците. Исто така, нотификациите ќе поддржуваат и нов вид на содржина и слики.
  • Android Beam – полесно споделување на слики, видеа и сл. преку NFC или помоќен Bluetooth за пренос на поголема количина на податоци.
  • Двонасочна текст поддршка – Нуди поддршка за двонасочен текст во полињата за внесување на текст и прегледите.
  • Пристап до мултимедијалните кодеци – Jelly Bean ви нуди пристап од ниско ниво до хардверските и софтверските кодеци.
  • Wi-Fi сервис за директно откривање – Новото API им овозможува на апликациите да соберат повеќе информации од околуте уреди и кои услуги тие ги поддржуваат, пред тие да се поврзат.
  • Менаџирање на мрежниот сообраќај – Новото API нуди и можност за детектирање на измерени мрежи, вклучувајќи и опција за вашиот телефон да служи како хотспот.

Покрај тоа, Android 4.1 исто така го подобрува начинот на кој развивачите ќе може да нудат платена содржина на нивните корисници без да се грижат за неавторизирано копирање. Развивачите на апликации работат напорно за да ја пренесат својата содржина до своите корисници кои имаат платено за тоа, па затоа од Google го воведоа енкриптирањето на апликации. Тоа ќе функционира на начин што платените апликации во Google Play ќе бидат енкриптирани со специфичен клуч пред тие да бидат пренесени и зачувани на уредот.

Со цел да се зачува на сообраќај при надградувањето на апликациите, за уредите кои работат на Android 2.3 (Gingerbread) и понови и кога ќе биде достапна нова верзија од некоја апликација, ќе се презимаат само деловите во кои има промени.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
9 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Borislav
Borislav
12 years ago

Android Beam не е брз трансфер на податоци со Блутут туку со помош на NFC.Незнам тука текстовите ви се со катастрофални грешки.

IT.com.mk
Admin
12 years ago
Reply to  Borislav

For larger payloads, developers can even use Android Beam to initiate a connection and transfer the data over Bluetooth, without the need for user-visible pairing.
http://developer.android.com/about/versions/andro

Трајанчо
Трајанчо
12 years ago

Некој пат добивам впечаток дека авторот на текстовите не знае за што пишува, малтене „ради реда“ некои текстови како да објавувате – што мене не ми е интересно, незнам вам како ви проаѓа во „едиториал“. Овој текст морав да го прочитам на англиски за да го разберам точно. На пример:

„Двонасочна текст поддршка – Нуди поддршка за двонасочен текст во полињата за внесување на текст и прегледите.“

Двонасочна текст поддршка… ? Каква е таа двонасочна поддршка? Двонасочно се однесува на текст, а не на поддршка. А уште појасно е да се каже – поддршка за јазици (или писма) кои се пишуваат од десно на лево.

Полиња за внесување на текст и прегледите. Пеки за првото, може човек да погоди дека се работи за EditText елемент, ама второто… ? TextView и EditText се имиња на класи од Android API-то, нема логика да се преведуваат. Дури и во оригиналниот текст убаво си пишува TextView и EditText ЕЛЕМЕНТИ. Ама ако не се занимаваш со тоа, може стварно да не ти е јасно што сака да каже авторот.

Фала за линкот, во секој случај. Можете да го ставите и на дното на текстот, со ознака „Извор“ (или слично).

WTH
WTH
12 years ago

Za sekoja greska mora da se komentira cccccc kako drugi da negresat …..

Daniel
Daniel
12 years ago
Reply to  WTH

Тоа никој не го ни тврди. Човечки е да се греши. ;) Али стоеше Gingerbird и ме бодна во очи. ;) Поздрав

IT.com.mk
Admin
12 years ago
Reply to  Daniel

Во ред е. Благодарение на твојот коментар ја поправивме грешката. :) Секој добредојден коментар и забелешка се добредојдени бидејќи ни помагаат да ги увидиме грешките.

Daniel
Daniel
12 years ago

Eee vaka e podobro :) pozdrav

Daniel
Daniel
12 years ago

Gingerbread

Boris Kuzmanov
12 years ago
Reply to  Daniel

Дефинитивно ќе мора да го исклучам auto-complete во LibreOffice. :)
Благодарам, ќе поправам.

види ги сите огласи на kariera.it.mk