Спонзориран текст

System Integrator – вистинска инженерска професија

Спонзорирано од InterWorks

во Софтвер, Спонзорирани

Според последните истражувања на Gartner, дури 75% од големите светски компании користат најмалку 6 различни апликации во секојдневната работа со цел оптимизирање на нивната работа и намалување на оперативните трошоци. Тие најчесто користат софтверски продукти кои се веќе реномирани и докажани на глобалниот пазар и кои можат да одговорат на потребите и предизвиците кои ги носи со себе една голема корпорација. Така денес нема кој не ги знае апликациите или платформите како Microsoft Dynamics, Oracle Siebel, Salesforce, SAP, Workday, Netsuite, JIRA, Azure, AWS, ServiceNow итн. кои се широко распространети низ најразлични индустрии и региони. Во овие апликации се внесуваат различни податоци, но многу често кај сите има потреба и од исти или слични податоци. Исто така различни оддели во компаниите се задолжени односно работат со различни апликации, па така кога ќе им се појави потреба за некој друг податок или информација, истите треба да ја побараат од друг оддел или друга апликација до која имаат ограничен пристап.

Овие предизвици ги адресираат и решаваат Системската Интеграција (System Integration) или Enterprise Application Integration (EAI), две слични области во софтверското инженерство.

Што се Enterprise Application Integration и System Integration?

Одделните апликации сами по себе немаат можност да комуницираат една со друга. Со тоа тие стануваат т.н. информациски силоси кои имаат и чуваат податоци сами за себе и не ги споделуваат како корисна информација со останатите. Токму ова го адресира Enterprise Application Integration (EAI) која овозможува размена на податоците и процесите помеѓу апликациите. Тоа го прави со тоа што како засебен систем се поставува помеѓу апликациите, ги презема и трансформира податоците и ги предава на другата страна за понатамошно користење и процесирање. На овој начин се избегнуваат промени во постоечките апликации, а целиот процес на интеграција се издвојува во т.н. middleware. Ова во голема мера им помага на компаниите да бидат поагилни и побрзи во имплементацијата на нови решенија, нивните вработени да имаат секогаш пристап до што повеќе квалитетни информации, а од техничка гледна точка им овозможува да користат најразлични системи и технологии кои знаат да комуницираат меѓу себе без да има потреба од дополнителен развој кај секоја апликација посебно.

Многу често компаниите имаат потреба да воведат нова услуга за своите клиенти. Имплементацијата на системот кој би ја давал таа услуга во позадина има потреба да обработува податоци од повеќе позадински (back-end) системи. Тоа секако може да се постигне со развој на custom software во некој од популарните програмски јазици и на крајот да го експонираме како сервис. Но предизвикот во ваквиот пристап доаѓа кога имаме потреба од многу вакви интеграции, секоја од нив е во различна технологија која во момент на имплементација била популарна или компанијата поседувала ресурси кои имаат познавање од нејзе. Секоја промена на вака имплементираната интеграција (т.н. point-to-point) во иднина бара познавање на истата технологија, познавање на позадинските системи, нивните интерфејси и канали на комуникација, следење на безбедносни стандарди кои со тек на време се менуваат итн. Сето ова воведува еден т.н. overhead во одржувањето, надградувањето и времето потребно за промени во поврзаните системи, а тие промени ги бара самиот бизнис.  Ова е предизвик со кој се соочуваат голем број од компаниите во желбата да бидат брзи во претставувањето на нови услуги и да бидат во тек со трендовите на пазарот.

Овие предизвици ги адресира системската интеграција (SI) која преку користење на соодветни алатки и продукти овозможува многу побрз и предвидлив начин на интегрирање на повеќе системи да работат како еден. Со поставување на некоја платформа како централна интеграциска точка во компанијата, се воведува стандардизација во комуникацијата помеѓу различните системи но и ред и каталогизирање на сервисите кои се достапни од и кон системите.

Што е тоа System Integrator?

Софтверските инженери кои работат на планирање, дизајнирање и имплементација на интеграцијата помеѓу овие системи се System Integrator-и. System Integrator-ите во текот на планирањето и дизајнот на решението, мора пред себе да ја имаат „големата слика“и да ги анализираат и одговорат на многу прашања како:

  • кои се системи се поврзуваат
  • како тие функционираат
  • со кои технологии и стандарди за комуникација
  • кои можности за поврзување ги нудат
  • како ги предаваат или примаат податоците
  • кои перформанси ги испорачуваат за работа со податоци
  • каква мрежна инфраструктура е потребна за нивна комуникација
  • каквитрансформации е потребно да претрпат податоците од еден до друг систем
  • како ќе се справиме со евентуалните грешки

итн.

Сите овие прашања опфаќаат едно широко поле на работа и познавања на System Integrator-ите во различни области на софтверското инженерство. Затоа често се кажува дека оваа улога е многу предизвикувачка и бара вистинско инженерско размислување не поврзувајќи се со одредена технологија, програмски јазик или оперативен систем.

Кои платформи ги користат System Integrator-ите?

Денес на пазарот постојат голем број на платформи за интеграција. Сѐ почесто се појавуваат и такви кои се целосно на “cloud” и овозможуваат лесен развој и брзо предавање на решението на страна на клиентот. Вредно е да се споменат некои од нив кои во последните години се наоѓаат на врвот на Gartner квадрантот како Informatica, Boomi, Mulesoft, SnapLogic, Microsoft и TIBCO. Секоја платформа нуди свој дизајнер или IDE,  кое може да биде клиентска апликација или развој директно преку browser на cloud како на пример SnapLogic. Исто така нудат и можности за мониторинг врз извршувањето на процесите и трансформациите, ефикасен начин на логирање и справување со потенцијални грешки и т.н. На крајот, преку ваквите платформи, интегрираните системи се експонираат кон клиентите или други системи како API-ја. Со тоа им овозможуваат на компаниите ефикасен менаџмент на целото портфолио на сервиси кое го имаат.

Земајќи го сето ова во предвид, денес не можеме да замислиме сериозна и голема компанија која во својата ИТ инфраструктура не поседува и не употребува некоја интеграциска платформа. Со тоа и самата улога на System Integrator-от е барана и многу ценета, затоа што е незаменлив дел во процесот на креирање на интегрирани услуги или поврзување на различните апликации во еден систем. System Integrator-ите секојдневно решаваат многу предизвикувачки задачи, осмислуваат најефикасен начин на поврзување на системите, трансформација на податоците, оптимизација на процесите, воведување на т.н. reusable компоненти и мониторинг на целиот процес на размена на податоци.

Автор на текстот е Дарко Милевски, Managing Director @ InterWorks Скопје

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на InterWorks . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk