Сите македонски каталози во една апликација

во Совети

Во Македонија еден куп каталози од еден куп продавници и маркети, почнувајќи со Кам и Стокомак, движејќи се преку Tinex и Vero, па завршувајќи со Алфи, Нептун, или Техномаркет . Поголемиот дел доаѓаат до каталозите секој пат кога ќе го посетат маркетот или преку нивнатата Facebook страна. Но, ваквото нешто знае да биде мачно, особено доколку пазарите од најразлични места и постојано сакате да сте во тек со бројните новитети и промоции.

Katalozi е апликација која ги обединува сите каталози од една појдовна дестинација. По инсталирање и покренување на апликацијата, приказот се дели на два дела: Почетна и Клуб Картички.

Проку почетната страна ви се листаат над 30 каталози и доколку најдете некој кој сакате да го дигитално разлистате, кликнувате на него и истиот инстантно ви се вчитува. Листањето низ страните од каталогот е со влечење прст од десно кон лево, а двоен тап ја зумира страната. На горниот десен агол гледате колку страни има каталогот и на која се вие наоѓате, а со кликнување на Х се враќате на почетната страна.

Со кликнување на копчето Категории, може да ви се прикажуваа каталози во зависност од тоа дали сте избрале маркети, техника, мебел или некоја од другите дваесеттина понудени категории. Вреди да се спомене дека иако има многу категории дел од нив се лишени од какви било каталозии и стојат празни, што можеби сведочи за некој иден план додатно да се проширува апликацијата.

Последното јазиче прикажува Компании и е одлично доколку сакате да дознаете каде се наоѓаат сите салони на Нептун, сите Дим маркети, Eurofarm и слично. Доколку кликнете на некоја компанија од тука, се вклучува Google Maps и ви ги покажува локациите, со можност да дознаете повеќе за одредена локации како и да бидете одведени до неа.

Вториот дел од апликацијата Katalozi.mk се вика Клуб Картички и ви дозволува да си ја внесете картичката дигитално, за полесен пристап. Ние без проблем ја внесовме картичката за Ramstore Club така што го допревме знакот + и внесовме име на картичка, број на картичка, како и податоци за носителот на картичката и краток опис. По впишување на бројките, автоматски се генерира баркод и нареден пат можете телефонот да им го пружите на каса и директно од екранот да се скенира картичката. Исклучително корисно, нема да лажеме, иако, навистина сме љубопитни да дознаеме дали сите маркети дозволуваат вака да се дава за скенирање картичката.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments