Heading Out е игра која успешно жонглира roguelite и тркачки елементи во мрачен визуелен роман

Сакате мрачни визуелни романи, но и тркачки игри? Најновото чедо на Serious Sim успева во намерата да понуди noir наратив кој се обликува од рандомно сервирани мини настани. Помеѓу сето ова, можете да се релаксирате така што возите и слушате музика. Или пак, можете да навлезете во адреналински трки против други амбициозни тркачи или пак против полицијата.

Целта е неважна, патувањето е!

Како огромни фанови на мрачни визуелни романи, апсолутно се пронајдовме себеси во Heading Out. Сите настани се одлично напишани, презентирани и прочитани од квалитетен актер, а трките знаат како да внесат огромна свежина и целосно нова димензија во играта.

Вашата задача е да патувате. Константно да сте во движење за да можете да побегнете од стравот кој неуморно ве прогонува. За комплетирање на одредено поглавје, потребно е да отпатувате од една до друга точка на мапата.

Притоа, вие лично одбирате по кој пат да се движите. Но, таквите патишта се одбележани од серија непредвидливи, рандомно генерирани настани. Може да се случи да ви понуди некој пари за да се тркате, или пак да донесувате различни избори за помагање или одмагање на некого.

Секој избор што ќе го донесете ќе има одредена последица врз одреден аспект во играта. Ако помогнете на скитница, ќе изгубите време, со што стравот ќе ви се приближи, но ќе добиете позитивна репутација. Сите избори кои ќе ги донесувате не се лесни и се со озбилна морална и етичка тежина, со што играта добива лична димензија во која приказната се прилагодува на вашиот карактер.

Низ вашето навидум бесконечно патување, ќе мора да внимавате и на вашиот фокус и на вашите финансии. Доколку не спиете и изгубите фокус, може да се случи да заспиете зад волан, да предизвикате несреќа или пак, едноставно да изгубите време. Доколку немате пари, нема да можете да пазарите или пак да плаќате за бензин. Во случај да не можете да купите бензин, ќе биде потребно да побегнете од бензинската, со што се случува да се зголеми потерата по вас од полицијата.

За да добиете подобра претстава за тоа каква игра е Heading Out, во нашето прво преигрување, ние одведовме пијан човек дома, но ризикувавме да бидеме препознаени од полицијата. Потоа, за жал удривме куче кое подоцна го закопавме. Набргу по тоа, полицајски службени ни ја даде опцијата или да се тркаме против него или да ризикуваме огромна полициска сила да биде насочена кон нас. За крај, помогнавме на едни дечиња да не бидат неправедно обвинети, па дури и закопавме едно семејство кое го пронајдовме мртво во куќа. Трошејќи време на вакви настани, дозволивме стравот целосно да не опколи и преземе. Нашиот прв ран заврши заврши порано од очекуваното.

Сите овие настани ги раскажавме сувопарно и без емоции, но не е можно да не чувствувате нешто додека ги доживувате овие настани во играта. Јасните цртежи, прекрасната глума и трогателната музика си го прават своето и безмилосно го преземаат сето ваше внимание. Сите елементи во играта се направени одлично. Иако не сме големи фанови на тркање, уживавме во истражување на црно-белите средини, барање кратенки и избегнување автомобили додека единствената боја – црвената – се цедеше од мрачното небо. 

Heading Out е вистинско ремек дело и доколку барате уникатна игра која позајмува и мајсторски проширува елементи од неколку жанрови, тогаш топло ви препорачуваме да ја проверите играта на Serious Sim, особено доколку сакате да се опуштите на долгиот пат слушајќи ги разговорите на радио станицата или некоја од внимателно избраните песни.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Serious Sim
  • ИздаваSaber Interactive
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 7 мај 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments