EBOLA VILLAGE: Носталгичен кошмар во советско опкружување

во гејминг

Црпејќи силна инспирација од класиците на 90-тите години, EBOLA VILLAGE е игра која е замислена директно да се наврати кон корените на survival horror жанрот, но, од перспектива од прво лице. Насловот на indie_games_studio не се обидува да ги револуционизира современите игри со прекумерна акција, туку наместо тоа, нуди методично и атмосферско искуство сместено во специфичен, морничав амбиент на рурална населба во рамките на Советскиот Сојуз. Доколку решите да ја проверите играта, која неодамна излезе и за сите конзоли, ќе наидете на солидна комбинација од елементи на истражување, решавање логички загатки и напната борба за опстанок.

Бавно градење тензија и стратешки пристап кон играњето

Во EBOLA VILLAGE се фокусирате на истражување и ригорозно управување со ресурси, нешто што, доколку сте гејмер подолго време, знаете дека е заштитен знак на старата школа на хорор игрите. Поради тоа, морате внимателно да го менаџирате вашиот инвентар и да носите тешки одлуки за тоа кои предмети се неопходни во моментот, а кои треба да се остават за подоцна. Загатките се дизајнирани така што бараат да пронаоѓате специфични објекти за да отклучите нови области, што наложува враќање низ веќе посетени и потенцијално опасни локации. Интеракцијата со околината, поради тоа, е значително нагласена, дозволувајќи манипулација со многу објекти, но и подлабоко размислување за тоа што и како да се користи.

Висцерална и брутална нота на секоја пресметка

Надвор од загатките, имате на располагање суров и директен борбен систем, со можност на надесување видливи оштетувања и распарчување на непријателите. Иако имате пристап до разновиден арсенал на оружје, муницијата мора да се штеди и внимателно да се вага дали да се користи или пак да се најде некој алтернативен пристап за напредување. Порано или подоцна, ќе бидете повредени, а здравјето ќе можете да го обновите со, погодувате, билки. EBOLA VILLAGE не е лесна игра; бара од вас стратешко размислување, особено кога ќе дојдат на ред предизвикувачките пресметки со уникатните босови.

Изолација и страв во најчиста форма

Приказната се одвива во мрачно и напуштено село, каде што истражувањето на деталите е клучно за разбирање на сложената историја и причините за мистериозните настани. Вие играте со Марија, чија мирна вечер е прекината од вонредни вести за биолошка закана, што ја мотивира да тргне во потрага по својата мајка и поранешниот сопруг Руслан. Ваквата атмосфера е збогатена преку внимателно дизајнираните локации кои автентично го доловуваат духот на Советскиот Сојуз, од ентериерот на градбите до надворешната околина. За пофалба се и звучните ефекти кои мајсторски го напаѓаат вашето сетило, сугерирајќи опасност дури и кога таа не е видлива.

Доколку ја имате играно EBOLA VILLAGE на PC тогаш точно знаете дека се работи за интересен и релативно квалитетен наслов кој точно знае што сака да биде. Иако темпото и механиките знаат да бидат поспори и попредизвикувачки, љубителите на класичниот хорор ќе најдат многу познати и ценети елементи кои влечат директна инспирација од култните RE игри. Комбинацијата од предизвикувачки менаџмент на ресурси, напната атмосфера и носталгични механики успешно го пренесуваат духот на 90-тите во модерната ера.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments