Долгогодишниот сервис за онлајн разговори и видео-повици Skype, официјално ќе престане да постои на 5 мај. Microsoft во чија сопственост е платформата ги советува корисниците да преминат на Teams.
Zoom, FaceTime и Teams одамна го заменија Skype, па „пензионирањето“ на сервисот не е изненадување. Microsoft вели дека причина за оваа одлука е да се „оптимизираат бесплатните комуникациски услуги за полесна адаптација кон потребите на корисниците“.
Очекувано идеално за Microsoft е сите корисници од Skype да се префрлат на нивната платформа Teams. Компанијата речиси автоматски ги упатува корисниците кон Teams. Microsoft објави детален водич за тоа како корисниците да ги префрлат своите разговори и контакти. Сѐ што треба да направат е да се најават во Teams со својот Skype профил, потоа таму ќе ги видат сите пораки и контакти од Skype.
Корисниците на Teams и Skype ќе можат да комуницираат едни со други сѐ до целосното гасење на сервисот, но оние кои не сакаат да преминат на Teams можат со „export“ да ја префрлат целата историја и податоци пред 5 мај.
„Почнувајќи од мај, Skype повеќе нема да биде достапен. Продолжете со вашите повици и разговори во Teams.“- Ова е порака која беше дел од кодот на Skype и за неа пренесе XDA-developers.
Што се однесува до продолжувањето на работата на Skype пред 5 мај, нови корисници воопшто нема да можат да пристапат до платените услуги на Skype, додека постоечките претплатници ќе можат да ги користат кредитите и плановите до истекот на нивниот тековен период на обновување.
Кус преглед на историјата на Skype
Skype официјално започна со работа во август 2003 година. Платформата ја основаа Никлас Зенстром од Шведска и Јанус Фрис од Данска. Софтверот за платформата го изработи тим програмери од Естонија. Првичната идеја за Skype започнала од друга платформа на Зенстром и Фрис – Kazaa – платформа за peer-to-peer размена на фајлови. Токму затоа Skype беше изграден врз peer-to-peer технологија.
Седиштето на компанијата во раните денови беше во Луксембург. Оттаму Skype почна да се шири низ целиот свет како алатка која овозможуваше бесплатна комуникација меѓу корисниците и евтини меѓународни повици кон фиксни и мобилни броеви. Во 2005 година, eBay го купи Skype, а потоа, во 2011 година, Microsoft за Skype плати 8,5 милијарди американски долари. Ова беше една од најголемите и најзначајните зделки во тој период.
Неколку интересни податоци за Skype
- Името „Skype“ произлегува од првичната идеја “Sky peer-to-peer” (Sky–Peer–to–Peer). Оригинално името требало да биде Skyper, но домените за ова име биле зафатени, па основачите решиле да го исфрлат „r“.
- Skype имаше рекордни 40 милиони корисници во текот на еден ден во 2012 година. Ова тогаш беше големо достигнување за VoIP платформите.
- Skype Out беше функција која овозможуваше евтини повици кон телефони низ целиот свет, поради што сервисот брзо стана популарен, особено кај корисниците со пријатели или семејство во странство.
Иако денес пазарот е преполн со алтернативи како Zoom, FaceTime и Teams, нема сомнение дека Skype одигра клучна улога во популаризацијата на видео-повиците и онлајн-комуникацијата. Многумина се благодарни за годините на поврзување со пријателите и семејството. Сега официјално дојде времето да се збогуваме со еден од најпознатите сервиси за разговори,







