Hot Wheels Let’s Race: Ultimate Speed – Аркадна забава за целото семејство

во гејминг

Hot Wheels Let’s Race: Ultimate Speed има за цел да ја пренесе брзината и возбудата од анимираната серија на Нетфликс директно на вашите екрани. Но, наместо да се натпреварува со комплексните симулации за тркање, оваа игра целосно се насочува кон аркадното искуство, нудејќи пристапна, брза и визуелно стилизирана забава. Во случај да сакате да се тркате, дрифтате, да градите на диви патеки, како и да се соочите со импресивни босови, тогаш ова е играта за вас. Но, гејмплеј механиките кои се замислени да ви дозволат да отклучувате иконски автомобили, се осмислени за да највеќе им се допаднат на помладите гејмери, ставајќи, притоа, и силен акцент на локалната игра со пријателите и семејството.

Hot Wheels Let’s Race: Ultimate Speed нуди чиста аркадна трка за дечиња, каде што реализмот е заменет со чувство на брзина и спектакуларни маневри. Контролите се дизајнирани да бидат интуитивни, овозможувајќи им дури и на, како што напоменавме, најмладите играчи брзо да се вклучат. Главниот фокус е ставен на дрифтањето, кое не само што помага при навигација низ острите кривини, туку и го полни бустерот, кој е клучен за претекнување на противниците. Покрај стандардните трки, играта воведува и уникатни борби со босови. Првиот бос со кој ќе се соочите е џиновската кобра на Професор Рервју. Како ја уништувате? Со собирање и фрлање пици во главата, избегнувајќи ги зашеметувачките удари со опашката. За оние кои се креативно инспирирани, пак, режимот Track Builder нуди можност за дизајнирање сопствени патеки со различни свиоци, скокови и пречки.

Во Hot Wheels Let’s Race: Ultimate Speed можете да избирате од целосна гаража на познати возила како GT-Scorcher, Super Twin Mill, Roger Dodger и комичниот Duck N’ Roll. Секое возило има различни карактеристики во однос на управувањето и способностите, што додава мал слој на стратегија.

Исто така, можете да играте како главните ликови од серијата, вклучувајќи ги Куп, Спарк, Мек и други. Играта вклучува пет режими: Racing Camp (кампања), Cup Champ (шампионат), Speed Trials (трки на време), споменатиот Track Builder и Free Races (слободни трки). Преку играњето, заработувате таканаречени огнени значки кои служат како валута за отклучување нови автомобили, декорации и делови за градење патеки во Ultimate Garage, нудејќи солиден систем за прогресија и прилагодување.

Графичкиот стил е шарен, живописен и изразено цртан, наместо да се стреми кон фотореализам. Патеките се дизајнирани со креативна жичка која црпе инспирација во согласност со естетиката на Hot Wheels.

Еден од најсилните адути на Hot Wheels Let’s Race: Ultimate Speed е фокусот на локалниот мултиплеер. Имено, играта поддржува натпреварување на split-screen за најмногу четворица играчи, правејќи ја Ultimate Speed одличен избор за семејни собири или забава со пријателите во иста просторија. Иако играта нуди и соло кампања, нејзиниот вистински потенцијал се отклучува само кога се споделува искуството. И, уште еднаш би сакале да напоменеме дека природата на контролите и целокупниот дизајн се јасно насочени кон помладата публика, но забавниот и натпреварувачки дух на трките на поделен екран може да понуди уживање за сите возрасти.

Hot Wheels Let’s Race: Ultimate Speed е јасно дефинирана аркадна тркачка игра, наметнувајќи се како идеален избор за родители кои бараат забавна, пристапна и соодветна игра за своите деца, особено ако истите тие деца се љубители на Нетфликс серијата. Исто така, ова е одлична party игра благодарение на режимот за четворица играчи на поделен екран. Чедото на Bamtang Games е замислено да испорача чиста, некомплицирана забава, а во тоа во голема мера успева.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk