1 коментар 3 мин. читање 6 март, 2024

Myth of Empires е амбициозна игра за повеќе играчи

Myth of Empires е игра која ветува еден куп работи, од огромна слобода во отворен свет, преку крафтање и преживување, па сѐ до епски PvE и PvP пресметки и освојување на територија.

Но, создавање импресивна империја е далеку од лесна работа, особено кога се работи за ваков амбициозен проект кој сака да жонглира еден куп топки. Неодамна, развојното студио Angela Game ја исфрли Myth of Empires надвор од раниот пристап на Steam, но дискутабилно е колку е позитивна таквата одлука. Според неодамнешните рецензии, впечатокот на гејмерите е дека играта предвреме има излезено од раниот пристап на Steam.

Заедничка реализација и секојдневна посветеност

Myth of Empires е игра која е замислена да се игра со недели и месеци. Заедно со други подеднакво трудељубиви играчи, потребно е посветено да работите на градење на вашата цивилизација, развивање технолошки дрвја, собирање ресурси, градење структури и станици за крафтање, па потоа правење дополнително процесирање ресурси и правање оклопи и оружја.

Myth of Empires може да се игра соло, но не се препорачува соло. Грајндот знае да биде проблем за група гејмери, камоли за само еден. Да се потрудиме да го го ставиме ова што го зборуваме во подобра перспектива: Myth of Empires има над 1300 различни рецепти за крафтање и 25 различни правци во кои можете да го насочите развивањето на вашата цивилизација. Ова не е нешто што препорачуваме да го правите сами; клучните механики во Myth of Empires не се осмислени за самостојна реализација, туку за заедничка.

Целосната 1.0 верзија се има подновено со неколку интересни новитети:

  • Myth of Empires – Dongzhou Map – бесплатен додаток во форма на нова мапа која се одликува со деноноќна промена на времето и привлечни локации како бројни вулкани, острови, песочни брегови, и шуми.
  • Нови рецепти за крафтање дополнителни работи како механички алатки и одбрамбени механизми за бази, но и нов систем за одгледување култури
  • Нов бос и нови суштества кои можете да ги скротувате, а потоа и користите за импресивни напади

Како што напоменавме, Myth of Empires е амбициозна игра, но само за амбициозни гејмери кои се спремни за здрава посвета и заедничка временска инвестиција. Се надеваме дека развојното студио Angela Game ќе продолжи и понатаму да работи на играта и да ги подобри начините на кои играчите може да се надградуваат и да просперираат во богатиот свет.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Angela Game
  • Издава: Imperium Interactive Entertainment
  • Жанр: Multiplayer, RPG, Sandbox
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 21 февруари 2024
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top