Omega Crafter: Изградба на свет со помош на програмабилни придружници

Жанрот на survival craft игри со отворен свет постојано се развива, а Omega Crafter, од јапонското студио Preferred Networks, нуди интересен нов пристап. Сместена во гејминг универзум кој штотуку се извлече од раниот пристап на Steam, играта ве поканува да навлезете во авантура каде целта е да се комплетира создавањето на светот до предвидениот рок за издавање. Оваа интригантна мета-приказна служи како темел за искуство кое ги комбинира класичните елементи на жанрот со уникатни механики поврзани со собирање материјали, градење структури и создавање најразлични оружја и оклопи.

Сами или со пријатели, светот е ваш!

Како што напоменавме во воведот, Omega Crafter ги задржува основните компоненти кои се препознатливи со survival craft игрите: истражување на пространи околини, собирање разновидни ресурси, изработка на предмети и опрема, како и градење сопствени структури. Меѓутоа, она што ја издвојува играта е вклучувањето на Grammi – вашиот личен програмабилен придружник. Овие мали суштества не се само пасивна набљудувачи; тие можат да бидат програмирани да извршуваат различни задачи со помош на интуитивен визуелен интерфејс за кодирање базиран на блокови.

Ова значи дека можете да ги автоматизирате задачите како рударење, сечење дрва, транспорт на материјали, па дури и комплицирани процеси на изработка, ослободувајќи ве вас за да можете да се посветите на други аспекти од играта. Можноста за автоматизација е особено корисна за поефикасно собирање ресурси и овозможува креирање на сопствени, автоматизирани процеси за градење на вашиот град или база, дури и без претходно знаење за програмирање. Ова произлезе дека е исклучително забавен начин за автоматизирање на бројни процеси кои би можеле да ви здосадат по одредено време. Самата автоматизација е заснована на едноставен концепт и изведба која во ниеден момент нема да ве исфрустрира со бројни комплексни менија.

Светот на Omega Crafter е огромен и процедурално генериран, поделен на повеќе различни биоми. Секоја зона претставува уникатен сет на предизвици, со различни терени, специфични типови на монструми, уникатни материјали за собирање и скриени тајни кои чекаат да бидат откриени. Оваа разновидност ја поттикнува истражувачката компонента на играта и бара од вас да ги засукате ракавите и да ги прилагодите вашите стратегии за преживување и собирање ресурси во зависност од биомот во кој се наоѓате.

Борбата е подеднакво важна, со моќни непријатели кои користат напредни офанзивни и дефанзивни способности за да ве спречат во вашата намера да го развиете светот. За да се спротивставите на нив, потребно е да собирате материјали и да изработувате помоќно оружје и оклоп. Паралелно со ова, и самите Grammi можат да асистираат во борбените ситуации, отварајќи можности за интересно групно насочување кон непријателиските мети. Иако се работи за едноставен систем за борење, постои солидна варијабилност во поглед на оружјата и движењата, со што играта особено би можела да им се допадне на оние кои се повеќе по истражување и борење. Босовите се особено интересни, трудејќи се целосно да ве измачат и константно да ве принудуваат да употребувате различни тактики, во комбинација со брзи рефлекси.

Omega Crafter нуди и мултиплеер опција, дозволувајќи им на играчите да истражуваат, градат и се борат заедно со пријателите онлајн. Кооперативната игра може значително да го подобри искуството, овозможувајќи поделба на задачите и заедничко соочување со предизвиците на овој дигитален свет. Играта првично беше лансирана во ран пристап на Steam и Mac на 28 март 2024 година, со планови за целосно издание закажано за 15 мај. Периодот на ран пристап служи за собирање повратни информации од играчите и додавање нова содржина и подобрувања пред финалната верзија.

Со својата оригинална премиса, интегрираната механика за програмирање и класичните елементи на survival craft жанрот, Omega Crafter претставува интересен наслов за љубителите на креативност и истражување. Можноста за автоматизација преку Grammi додава стратешка длабочина, додека процедурално генерираниот свет и мултиплеер поддршката ветуваат долготрајна забава. Како што се приближува датумот на целосното издавање, Omega Crafter останува игра која вреди да се следи за оние кои бараат свеж пресврт на добро познатиот жанр.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments