Најголемиот земјотрес во последните 25 години го запре производството на чипови во Тајван

во Вести

Најголемиот производител на чипови во светот – тајванскиот Taiwan Semiconductor Manufacturing Co (TSMC) поради големиот земјотрес кој го погоди Тајван накратко го запре производството на чипови. Компанијата објави дека производството ќе продолжи за време на ноќта. TSMC произведува чипови за Nvidia, Intel и Apple, но и за многу други компании, па потенцијален долготраен прекин може да има сериозно влијание врз целата индустрија.

Тајван на 3 април беше погоден од земјотрес со јачина од 7,4-степени, најголем во последните 25 години. Епицентарот на земјотресот беше 18 километри јужно од Хуалиен, но потреси се почувствувале и 100 километри на север до Тајпеј. Објавена е и тревога за потенцијална опасност од цунами на Филипините и во Јапонија. По земјотресот следеа над 200 помали потреси од кој најголемиот со јачина 6,5 степeни.  Податоците за жртвите и повредените не се конечни, а во моментов се потврдени 9 загинати и 1011 повредени.

Поради земјотресот TSMC ги евакуираше вработените од фабриката. Оттаму за среќа нема вести за повредени или загинати. Компанијата сѐ уште ја проценува штетата, но според првите податоци нема штета врз производството.

„Благодарение на искуството и капацитетот на TSMC за одговор на земјотреси и спречување од катастрофи, и редовните безбедносни вежби за да се обезбеди целосна подготвеност, за само 10 часа по земјотресот на 3 април, стапката на обновување на опремата за производство на wafer надмина 70%, а стапката на обновување во новоизградените фабрики (како Fab 18) надмина 80%. Иако неколку делови од опремата во некои области беа оштетени, што влијаеше на производните линии, главните машини вклучувајќи ја целата опрема за екстремно-ултравиолетова литографија (EUV) останаа неоштетени“, велат од TSMC во изјава која ја пренесе новинарката Венји Ли.

Земјотресот влијаеше и врз производството на United Microelectronics Corp. (UMC). Иако е помал производител UMC произведува чипови за AMD, Qualcomm, MediaTek, Realtek и Rockchip, пишува ArsTechnica.

Во минатото производството на чипови во Тајван беше прилично отпорно на штета предизвикана од земјотреси. Во 1999 година Тајван беше погоден од земјотрес со јачина од 7,7 степени. UMC тогаш го намали производството за само 10%, а TSMC се врати на 85 отсто по само една недела. Сепак, дури и оваа кратка пауза влијаеше на раст на цената на меморијата за 50%, потсетува @nearcyan на Twitter.

Пауза во производството или испораката на чипови ќе има влијание врз речиси целиот сектор; од производството на десктоп компјутери и сервери, до паметни телефони или  чипови за вештачка интелигенција. Последниот голем застој со логистика пред неколку години , предизвикан од Ковид-19 пандемијата, влијаеше на сите сектори. На крајот поради недостаток на чипови беше намалено и производството на автомобили.

Тајван произведува 90% од „high-end“ чиповите, па ова е добар показател за опасностите од поставување на целото производство на една локација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk