Company of Heroes 3: преглед на играта и додатоците

во гејминг

Скоро три години како Company of Heroes 3 се има вратено на сцената како долгоочекувано продолжение на претходните две, подеднакво феноменални игри од серијалот. Тројката сеуште претставува амбициозен обид да се наметне на класичната тактичка борба во реално време поширок стратешки слој. Основната кампања ја проширува оваа амбиција со четири квалитетните додатоци за играта, од кои последното неодамна излезе. Со последното DLC, Рelic се имаат апсолутно надминато себеси, покражувајќи дека се вистински мајстори во создавање квалитетни, визуелно впечатливи игри со незаборавни гејмплеј механики.

Дејството во CoH3 е поделено на две главни кампањи кои нудат драстично различни опкружувања кои се движат од пространите пустини на Северна Африка до планинските предели и крајбрежните градови на Италија. Изборот на локации директно влијае на начинот на играње, барајќи од вас постојано да ги прилагодувате вашите тактики во зависност од теренот.

Вертикалноста на мапите, на пример, нешто што е најизразено во италијанската кампања, игра клучна улога во видното поле и позиционирањето на единиците. Паралелно со ова, новите опции за пробивање во зградите овозможуваат поефикасно справување со непријателите кои се кријат во различни објекти. Доколку сакате да играте посигурно, особено во режимот за еден играч, на располагање ја имате функцијата Full Tactical Pause. Како што кажува името, функцијата ви дозволува замрзнување на акцијата за да се издадат прецизни наредби и да се координираат сложени маневри без, нели, временскиот притисок. Ова е опцијата која апсолутно ја обожававме затоа што, рака на срце, не реагирамe добро под притисок и сакаме работите да си ги тераме натенане.

Од друга страна, воведувањето на динамичната мапа на кампањата ви дава контрола над пошироки воени операции, вклучувајќи менаџирање на линиите за снабдување, воздушни напади и користење на партизански мрежи. Кога ќе се земат во предвид сите овие работи, пред вас се отвора еден вид sandbox форма на играње секоја наредна сесија е поразлична од претходната. Изборот на единици и фракции во тројката е најобемниот досега, нудејќи четири уникатни страни со специфични предности. Арсеналот вклучува буквално сè, од лесни извидувачки возила и тенкови па се до тешка артилерија и специјализирани пешадиски единици.

Напојувана од Essence Engine на Relic, Company of Heroes 3 испорачува впечатливи визуелни ефекти и напредна физика. Графиката и понатаму е крајно детална, со посебен акцент на деструктивноста на околината, изложувајќи ве на веродостојно рушење на зградите, создавајќи, притоа, нови, динамични засолништа од урнатините. За пофалба се ефектите на честички каде песокот, чадот и огнот се изработени со висока прецизност и допринесуваат до реалистична атмосфера која не може, а да не биде ценета, иако, повторуваме, се работи за постара игра. Звучниот дизајн го надополнува импресивното визуелно искуство со автентични звуци на оружје и експлозии, додека подобрената вештачка интелигенција, во комбинација со квалитетните анимации, придонесуваат до природно реагирање на случувањата околу нив.

Златна тројка

Company of Heroes 3 успева да испорача сериозно и слоевито стратешко искуство кое ги почитува корените на франшизата, но истовремено воведува модерни иновации. Иако транзицијата кон покомплексна стратешка мапа може да бара време за навикнување кај старите фанови, комбинацијата на интензивни битки во реално време со пошироко воено планирање ја прави оваа игра комплетен пакет. Со својот огромен број на единици, разновидни тактички опции и технички напредна презентација, овој наслов претставува достојна еволуција на жанрот и задолжително четиво за љубителите на воените стратегии.

Company of Heroes 3: Hammer & Shield

Проширувањето Hammer & Shield ја проширува тактичката длабочина преку воведувањето на две нови борбени групи кои не би можеле да се поразлични една од друга. Американските сили добиваат пристап до напредната пешадиска борбена група која се потпира на елитните ренџери и тешката артилериска поддршка. Извидници сега можете да ги надградите во артилериски набљудувачи кои градат скриени радио-светилки, овозможувајќи прецизни удари. Додавањето на хаубицата M1 од 105мм и брзата артилерија од 155мм ви овозможува да ги разбиете вкопаните непријателски линии со огнена моќ, додека ренџерите можат да користат широк спектар на оружја, од фрлачи на пламен до автоматски пушки.

Другата страна ја има на располагање италијанската крајбрежна одбрамбена група која е дизајнирана за сите оние кои претпочитаат дефанзивен стил на игра. Групата се фокусира на крајбрежни резервисти кои се експерти за теренска одбрана и добиваат бонуси кога се во близина на бункери. Офицерот за артилерија и различните типови на бункери, вклучувајќи ги противтенковските и командните бункери, создаваат речиси непробојни линии.

Air and Sea сега нуди динамичен пристап на италијанската мапа, фокусирајќи се на комбинирани воени тактики. Групата овозможува агресивни падобрански десанти со елитни командоси и употреба на поморско бомбардирање за омекнување на непријателските позиции.

Company of Heroes 3: Stealth & Stronghold

Како и што кажува името, вториот додаток се фокусира на дихотомијата помеѓу цврстата одбрана и подмолната инфилтрација. Па така, австралиската одбрамбена група е идеална за одбивање на масовни напади. Австралиската лесна пешадија, пак, е разноврсна единица која може да гради робусни одбрани, додека воведувањето на противвоздушната инсталација Bofors и легендарниот противтенковски топ се одлични за максимална доминација од далеку. Арно ама, ни ни со тенкови нема преголемо опуштање затоа што се воведува и уништувач на тенкови кој иако лесно се уништува сепак нуди голема мобилност и огнена моќ.

Германскиот африкански корпус добива сосема поинаков пристап со групата Battlefield Espionage. Акцентот, како што напоменавме, се става на прикривање и саботажа наместо на директна конфронтација. Новите стратегии се овозможуваат со возилото 250/3 Funkpanzerwagon кое служи како мобилен центар за разузнавање и поставување мини, додека единицата Goliath овозможува поставување на смртоносни заседи преку далечински управувани експлозиви.

Company of Heroes 3: Fire & Steel

Третиот додаток е наменет за љубителите на тешката механизација и деструктивната моќ, при што американските сили добиваат пристап до тешкиот тенк M26 Pershing и хаубиците Black Dragon, овозможувајќи доминација во доцните фази на играта. На располагање ја добивате и терор борбената група која користи психолошки тактики и супериорно оружје. Еден таков пример е звукот на сирената и лансирањето на ракетите V1, создавајќи напната атмосфера и кулминирајќи со појавата на King Tiger.

Британците и африканскиот хорпус исто така добиваат моќни алатки. Од британската страна ја имате канадска шок група која специјализира за агресивно заземање територија преку запаливи оружја. Наспроти тоа, DAK се фокусира на Panzerjäger Kommand и користи тактики на задржување и елитни ловци на тенкови, вклучувајќи го и масивниот уништувач на тенкови Elefant, кој може да го пробие и најдебелиот оклоп од голема далечина.

Company of Heroes 3: Endure & Defy

Последната експанзија воведува неконвенционални тактики и историски единици кои додаваат вкус на очајничка борба и одмазда. Американската група со италијански партизани целосно ја менува мета-играта, потпирајќи се на саботажа, тунелски мрежи и кражба на ресурси. Наспроти нив, Вермахтот ја користи тактиката на Last Stand, отворајќи можности за импровизирани одбрани како куполи од Pantherturm и пропагандни кули за деморализирање на противникот.

Пожртвуваност за победа

Британската група со полска коњаница и тенкови носи агресивен стил на игра, каде единиците стануваат поефикасни против искусни непријатели, користејќи Sherman Fireflies и ракетниот систем Land Mattress за уништување на позициите. DAK ја носи морнарицата на копно со групата Kriegsmarine, користејќи поморска пешадија и воздушна поддршка од наведувани бомби Fritz X. Сете овие механики и елементи слоевите се надоврзуваат на комплексните механики и овзможуваат нови стратешки комбинации кои бараат максимално прилагодување на помалку традиционални методи на војување. Благодарение на ова, додатокот одново вдахнува нов живот во играта и отвора пат кон нови, поразлични и секогаш забавни стратешки моменти.

4 релативно добри додатоци за максимална забава

Гледајќи го Company of Heroes 3 преку призмата на овие експанзии, јасно е дека развојниот тим се стреми кон диверзификација на стратешките опции. Иако основната игра нуди солидна основа, новите и надградените борбени групи овозможуваат секоја фракција да се игра на драстично различни начини, продолжувајќи го животниот век на насловот и нудејќи предизвик како за ветераните на серијалот, така и за новите стратешки поглавари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk