Автоматско кликнување со глувче со Max Auto Clicker

во Софтвер

Постојат еден куп софтверски решенија кои дозволуваат симулација и автоматско кликнување на глувчето без ваша интервенција. Обично, потребата за ова е кај гејмери или кај тестери на софтверски апликации, каде е потребно константно кликање. На пример, во Minecraft можете на брз начин да изградите нешто без да се мачите постојано да кликнувате за поставување блокови. Оној кој играл World of Warcraft исто така знае колку може да се олесни работата преку имплементација на автоматското кликнување.

Од друга страна, оние кои „работат“ од далечина можат да ја искористат оваа предност за да не излезе дека се ofline или неактивни. Дополнително, авто кликнувањето помага што побрзо да зграпчите одредени евтини, а ограничени зделки. И ред други предности, како автоматко освежување на страницата, полесно справување со колони во одредени апликации, и слично.

Max Auto Clicker е една таква апликација која е целосно бесплатна, но едноставна во погледот на функциите. Без да бара претходна инсталација, ви дозволува да наместите автоматско кликнување во одреден дел од екранот, или пак каде стрелката од глувчето се наоѓа. Можете да наместите автоматски да се кликнува со левиот, десниот или средниот клик (тркалцето), како и до кој интензитет и со каков ритам да биде кликнувањето.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk