0 коментари 2 мин. читање 27 јули, 2022

Учете бројни јазици со LingoHut

За многумина, најголемото богатство е знаење јазици, особено во денешното време. За таа цел имате на располагање бројни одлични апликации, од кои Duolingo и понатаму непобедливо стои на врвот. Но, како еден недостаток со Duolingo е тоа што и не е баш корисен на оние корисници кои знаат само македонски и сакаат да научат втор јазик. Поради тоа, одиме на второто најдобро нешто.

LingoHut е веб сајт кој го откривме сосема случајно откако сакавме да видиме дали има нешто интересно за учење од македонски на грчки јазик. Излезе дека вебсајтот и тоа како има, но не само за грчки, туку за бројни други јазици. Со посетување на веб сајтот, ви се нудат две опции: да изберете кој јазик го зборувате и потоа да изберете кој јазик сакате да го учите. Ова значи дека имате бројни интересни комбинации каде објаснувањата и инструкциите можат да ви се на, пример, македонски, српски, или бугарски, а јазикот кој сакате да го учите да биде еден од 45 понудени.

На располагање имате бројни лекции со релативно јасни објаснувања, примери и изговори, но вреди да се спомене дека ова е само вовед и дека за нешто поозбилно потребна ви е подинамична метода од сувопарното сервирање кое се наоѓа тука. Но, како за почеток, сметаме дека нема да погрешите со она што ќе го најдете кај LingoHut.

Кој е јазикот што навистина сакате да го научите? И зошто!? Ви се допаѓа ли она што го има на сајтот или би ни препорачале некоја друга алатка или сајт за учење јазик? Кажете ни во коментарите!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top