Strange Antiquities: детективска игра на уникатен начин

во Вести

Strange Antiquities, најновиот наслов од независното студио Bad Viking, на чело браќата Роб и Џон Донкин, ќе ве префли од бујните градини на нивниот претходен хит (Strange Horticulture) во мрачното, но пријатно царство на антиквитетите.

Во Strange Antiquities, вашата основна должност е да управувате со колекцијата додека вашиот ментор е отсутен, решавајќи ги необичните и честопати алармантни потреби на локалното население. Имено, секој новооткриен артефакт мора да биде темелно испитан преку користење различни методи и алатки, како вагање, внимателно слушање, па дури и буквално мирисање на предметите, се со цел да ги откриете нивните скриени својства.

Овие податоци, потоа, мора да се детективски вкрстат со деталните илустрирани томови и дневници кои се дел од вашата колекција. За да успеете во ова, точноста е од клучна важност. Како што и можеби самите претпоставувате, препознавањето на моќни и нестабилни предмети е работа која не трпи грешки, бидејќи последиците од погрешно идентификување на окултни реликвии може да бидат значителни и скапи. Бидете невниматели, осмелете се да избрзате и ќе ја смените судбината на граѓаните.

Иако градот во Strange Antiquities изгледа како мирно населено место сместено покрај големо езеро, истото е позиционирано на критичен пресек каде што нашиот свет се судира со непознатото. Вашите секојдневни должности постепено се преплеткуваат со поголема мистерија која е поврзана со присуството на лоши знаци, сомнителна болест и чудни состојби на жителите. Ваквата наративна испреплетеност е направена на органски начин, со избори кои имаат значајни последици.

При давањето совет или продажба на артефакт, можете или да помогнете или да предизвикате проблем. Во една толку мала заедница, вашите постапки не се забораваат, а ефектот од нив се одразува порано или подоцна. Повремено, детективската работа со артифактите е прекината со потребата да се истражат гласини или да се повратат изгубени предмети, при што користите рачно нацртани мапи за да го истражувате низ градот.

Strange Antiquities го заслужува вашето внимание поради извонредно фокусираниот и оригинален пристап кон детективскиот жанр. За разлика од конвенционалните авантури,чедото на
Bad Viking нуди искуство од кое се цеди уникатна атмосфера со преубава графика и релаксирачка музика. Играта успешно комбинира медитативно решавање на загатки со богата, наративна структура која ги наградува вашиот избори на значаен начин. Топла препорака за сите љубители на квалитетна приказна со забавни, но уникатни механики.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk