Дипфејкот продолжува да создава проблеми 

Вештачката интелигенција напредува од ден на ден, се случуваат позитивни промени и автоматизација на одредени процеси. Од друга страна, пак, дипфејкот како технологија се подобрува и создава нови проблеми.

Со помош на дипфејк технологијата се создава најразличен аудио и видео материјал кој им наштетува на јавните личности. Јавните личности се најчестите мети на оваа злонамерна технологија.  

Европските избори и дипфејк технологијата

Photo by Carl Campbell on Unsplash

Годинава од 6-ти до 9-ти јуни ќе се оддржат изборите за членови на европскиот парламент, а кога станува збор за избори, лажните вести се пуштени на “најјако”.

Од избори на избори, борбата со лажните вести станува сѐ поголема, а во овој дел дипфејк технологијата и те како помага во креирањето на пософистицирана и поверодостојна аудио и видео содржина. 

Поради подемот на дипфејк технологијата и големиот потенцијал што го има, Европската Унија ги повика Facebook, TikTok и останатите технолошки гиганти да ги спречат и избришат лажните содржините генерирани со помош на вештачка интелигенција. 

Целта на ова барање е европските избори да бидат фер, демократски и без дамки од разно-разни лажни вести и влијанија.

Во Законот за дигитални услуги (DSA) 22 дигитални платформи се вклучени како големи. Во оваа листа се наоѓаат Instagram, X, Snapchat, YouTube и други. 

Од ЕУ излегоа со препорака технолошките гиганти да промовираат официјални информации поврзани со изборите, а дополнителна препорака е да се намали монетизацијата и виралноста на содржината што го загрозува интегритетот на целиот изборен процес. 

„Со денешните насоки, целосно ги користиме сите алатки понудени од DSA за да обезбедиме платформите да се усогласат со нивните обврски и да не се злоупотребуваат за манипулирање со нашите избори, истовремено зачувувајќи ја слободата на изразување“, рече еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон. 

Големите дигитални платформи активно работат на овој проблем, и останува да видиме дали ќе успеат да ги надоградат своите алгоритми за детекција на лажни содржини.

Друго прашање кое што природно се наметнува тука е тоа дали би се соочиле со санкции доколку не успеат да се справат со ‘купот на лажни вести’ првично генерирани од вештачката интелигенција. 

Покрај политиката, жртва на дипфејк е и естрадата 

Photo by Omid Armin on Unsplash

AI генераторите на слики се напредуваат и генерираат пореалистични слики. Ова колку што е добро, толку е и лошо. Тејлор Свифт повторно беше вирална на X.

Сликите се препраќаа преку канали на Telegram и 4chan (платформа за анонимно препраќање на слики).  

Апликацијата Microsoft Designer која што работи со помош на AI моделот DALLE-3 воведе заштитни мерки за блокирање на несоодветни известувања поврзани со голотија или јавни личности.  

Багот во оваа апликација е тоа што, при пишување на правописно погрешно име на јавна личност, моделот повторно генерира слична слика. 

„Ние сме посветени да обезбедиме безбедно и почитувано искуство за сите. Продолжуваме да ги истражуваме овие слики и ги зајакнавме нашите постоечки безбедносни системи за дополнително да спречиме злоупотреба на нашите услуги за да помогнеме во генерирањето слики како нив“, рече портпаролот на Microsoft за ZDNET.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments