0 коментари 3 мин. читање 2 март, 2022

Уметноста направена од вештачката интелигенција не може да се заштити

Постоечкиот Закон за заштита на интелектуална сопственост во САД не овозможува заштита на слики, текст, музика направени од вештачка интелигенција. Ова е констатација на Американскиот завод за заштита на интелектуална сопственост кој одби да го заштити уметничкото дело креирано од алгоритамот „Creativity Machine“.

Одлуката на Заводот за заштита на интелектуална сопственост доаѓа по барањето на Стивен Талер да заштити уметничко дело наречено „A Recent Entrance to Paradise“. Талер се обидел делото да го заштити по ставка „договор за дело“ со сопственикот на алгоритамот.

Одлуката на комисијата креирана за овој спор е дека нема простор за заштита. Главна причина за одбивањето е законот кој е јасен дека за заштита е потребно делото да е производ на интелектуален труд, и мора да биде креирано од човечки ум. Од иста причина на пример не може да се заштитат уметнички дела кои ги цртаат животни (најчесто примати) или книги за кои се тврди дека се напишани под влијание на „божествена“-вдаховеност, вели Verge.

Одлуката во случајот се однесува на илустрација, но според толкувањето е јасно дека истата може да се примени и за музика, поезија, проза…

Ова не значи дека уметничките дела во чија изработка учествува и вештачка интелигенција не може да се заштитат. Сепак клучно во можноста за заштита е дали ќе може дел од работата да се припише на луѓето, единствено во овој случај делата ќе може да бидат заштитени како интелектуална сопственост. Дополнително Талер би можел одлуката на комисијата да ја оспори пред суд и потоа во зависност од одлуката на судот би можело да има и промена.

Сепак идејата на Талер во овој случај е да се постави преседан дека работата на вештачката интелигенција може да биде заштитена како интелектуално сопственост. Токму ова и била причината што во „A Recent Entrance to Paradise“ нема никакви човечки интервенции.

Иако Заводот за заштита на интелектуална сопственост во САД не дал дозвола за заштита, неколку дела веќе се заштитени во други држави. На пример Австралија веќе дозволува изуми на вештачката интелигенција да можат да бидат заштитени, а Талер веќе успеа да патентира производ – дело на вештачка интелигенција во Јужна Африка.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}